Папата: Со својот крст Исус ја отвора вратата на спасението

Папата: Со својот крст Исус ја отвора вратата на спасението

Како што веќе известивме, папата Фрањо на 2 ноември 2016 година попладне на Задушница служеше света Литургија на римските гробишта Прима Порта. Илјадници луѓе му се придружија на Светиот Отец додека молеше за душите на сите верни починати.

Пристигнувајќи на гробиштата, папата Фрањо го посети мавзолејот и положи цвеќе на неколку гробови и се помоли во тишина.

Во својата проповед за време на светата Литургија Папата размислуваше за зборовите на Јов: „Но, јас знам, Искупителот мој е жив“ (Јов 19, 25а). Споменот на починатите- објасни – нѐ исполнува со тага, чувство на жалост, но и надеж. „Гробиштата се тажни затоа што нѐ потсетуваат на нашите мили кои го напуштиле овој свет; нѐ потсетуваат на нашата иднина – смртта.“ Но – продолжи Папата – „во оваа тага донесуваме цвеќе како знак на надеж; дури се осмелувам да кажам и како знак на празнување – но подоцна, не сега.“

Оваа надеж – рече папата Фрањо – може да ни помогне затоа што и ние самите мораме да го направиме истото патување: од овој живот во следниот. Надежта во воскресението не разочарува. Всушност самиот Исус прв го преземал ова патување; одиме по патот по кој тој одел. „Со својот крст“ – рече Папата – „Исус ја отвора вратата на спасението каде што ќе контеплираме со Бог.“

По враќањето во Ватикан папата Фрањо ја посети базиликата Свети Петар каде се помоли за своите починати претходници.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот