Папата на празникот на Евхаристијата: Само Бог може да ја згазне човечката глад за љубов и вечност

Папата Фрањо во четврток 19 јуни 2014 година ја предводеше свечената Миса на празникот на Пресветата Евхаристија во базиликата Свети Иван Латерански. По завршувањето на Мисата следуваше традиционалната процесија со светата Евхаристија до базиликата Света Марија Велика.

Папата не учествуваше во процесијата, туку учеснициците ги чекаше кај базиликата, каде со нив заедно се задржа во молитва пред Пресветата Олтарска Тајна, а потоа ги благослови присутните верници.

Човечката глад за љубов и вечност може да ја згасне само евхаристкиот леб и вино, рече Папапта во пропведта во која се осврна на библискиот текст за излегувањето од Египет.

Секој од нас може да се праша, какво е моето сеќавање? Дали се сеќавам како Господ ме спасува или се сеќавам на египетските лонци? Наша задача е да го препознаеме лажниот леб, кој нѐ мами и расипува, бидејќи е плод на себичноста и гревот, рече Папапта и посведочи дека Исус е „живот леб“.

Тој во евхаристијата е присутен во лебот и виното, но често пати таа евхаристиска храна изгледа дека е помалку вкусна од зачинетата храна која ја нуди светот, предупреди Светиот Отец, наведувајќи ги како пример алчноста за пари, успех, моќ, наследство и амбициозност.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот