Именуван нов префект на Конгрегацијата за клер

Именуван нов префект на Конгрегацијата за клер

Папата Фрањо на празникот Пресвето Срце Исусово во петок на 11 јуни го именува монс. Лазар Јоу Хеунг-сик за нов префект на Конгрегацијата за клер.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави дека Светиот Отец на досегашниот епископ на Теџон во Јужна Кореја монс. Јоу Хеунг-сик му додели наслов надбискуп emeritus и го именува за префект на Конгрегацијата за клер.

Со одлуката на Папата досегашниот префект кардиналот Бенџамино Стела останува на служба додека не ја преземе новоименуваниот монс. Јоу Хеунг-сик.

Монс. Јоу Хеунг-сик е роден на 17 ноември 1951 година. За свештеник на бискупијата Теџон е ракоположен во 1979 година. За епископ е хиротонисан во 2003 година кога е именуван за коадјутор во родната бискупија. Од 2005 година го презема пасторалното управување со бискупијата Теџон.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот