Папата: Евхаристијата не е приватна молитва

На молитвата Ангел Господов во недела 16 август 2015 година и покрај жешкото време папата Фрањо се сретна со поклониците на плоштадот Свети Петар, кои со големо воодушевување го поздравија.

После молитвата Ангел Господов папата Фрањо се обрати до младите во Торино, кој се собрани на местата поврзани со свети дон Боско по повод одбележувањето на 200 годишнина од неговото раѓање. Папата ги поттикна секојдневно да ја живеат радоста на Евангелието за да му дадат надеж на светот, а верниците ги потсети дека вчера се славеше празникот Возенесение во небо на Пресвета Богородица, која нѐ чека во небото и нуди нуди милост за да се храниме секогаш со верата на Исус, лебот на животот.

Да се живее во конкретно и реално заедништво со Исус во овој свет ни овозможува да преминеме од смрт во живот, рече Папата во својот неделен говор, осврнувајќи се на неделното Евангелие од Иван во кое Исус тврди дека Тој е живиот леб кој слезе од небото.

Светиот Отец додаде дека Евхаристијата е самиот Исус, кој ни се дарува за да станеме едно исто со Него. Кој јаде од моето тело и пие од мојата крв останува во мене и јас во Него. Според зборовите на Папата, тоа го претпоставува нашето „да“, нашето прифаќање на верата.

Осврнувајќи се на приговорите дека нема смисла редовно да се оди на Миса, бидејќи подобро се моли во самотија, Светиот Отец предупреди дека Евхаристијата не е приватна молитва, ниту пак убаво духовно искуство, ниту пак едноставно сеќавање на она што Исус направи на последната вечера. Евхаристија актуализира и ги воприсутнува настаните на Исусовата смрт и воскресение. Доживеано со верата на заедничкото евхаристиско славење се преобраќа нашиот живот во дар за Бог и ближните, објасни Папата и додаде дека хранејќи се со тој леб значи да се прилагоди нашето срце со срцето на Христос, да се прилагоди на неговиот избор, неговите мисли и неговото однесување.

На крајот Папата објасни дека тоа значи да се влезе во динамиката на љубов и да се стане миротворец, луѓе на простување, помирување и солидарност.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот