Папата го започна своето 12. меѓународно патување

Утрово, 12 февруари 2016 година папата Фрањо го започна 12. меѓународно патување при што ќе го посети Мексико и ќе има средба во Хавана, Куба со Московскиот патријархот Кирил.

Папата пристигна на меѓународниот аеродром Фијумичино околу 7.30 часот, a авинот полета во 8.24 часот. Се очекува Папата да пристигне на аеродромот „Хозе Марти“ во Хавана околу 14.00 часот, односно 20.00 часот по средноевропско време, по 12 часа лет, стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Средбата на папата Фрањо со Московиот патријарх Кирил треба да се оставари околу 22.00 часот по средноевропско време. На оваа средба треба да се потпише заедничка декларација од околу 10 страници. Според агенцијата Спутник, не е исклучено во текот на разговорите во Хавана да се направат и измени во текстот. За средбата на Светиот Отец со патријархот Кирил се предвидени три часа, по што Папата ќе го продолжи своето патување кон Мексико.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот