Папата Фрањо на Денот на посветениот живот служеше света Литургија во базиликата „Свети Петар“ со монаси и монахињи

Папата Фрањо на Денот на посветениот живот служеше света Литургија во базиликата „Свети Петар“ со монаси и монахињи

Папата Фрањо на Денот на посветениот живот 2 февруари 2022 година служеше света Литургија во базиликата „Свети Петар“ со монаси и монахињи при што истакна: „Понекогаш зад добрите дела може да се сокрие црвот на нарцизмот или желбата за протагонизам. Потребно е да се смири искушението да не се повредува достоинството на сестрите или браќата“. Во текот на славењето потврдена е Ecclesiastica Communio со ерменскиот патријарх Киликиски Бедрос XXI Минасијан.

„Негувајте обновена визија за посветениот живот“ која ги зема во предвид сигналите кои Бог ги испраќа – од кризата, до падот на бројот и слабеењето на силите на членовите на заедниците, и која поттикнува на промена, а да не се биде „парализиран“ од стравовите или старата носталгија, да не се падне во крутост која секогаш е „перверзија“. Тоа е поттик за иднината која Папата го даде на монасите и монахињите од целиот свет кој на 2 февруари го слават Меѓународниот ден на посветениот живот, на празникот Сретение Господово. Во текот на славењето во ватиканската базилика во моментот на причеста покажано е Ecclesiastica Communio со ерменскиот патријарх Киликиски Бедрос XXI Минасијан. (…)

Папата им препорача на членовите на монашките заедници, конгрегации и институти да обратат внимание на оние „црви“ и „желби“ кои демнат во животот на заедниците: нарцизмот, протагонизмот, искушението да се повреди достоинството на браќата и сестрите. Противотровот против нив е „восхитувањето.“

Светата Литургија е прославена во полната базилика Свети Петар осветлена само од пламенот на свеќите кои ги држеа монасите и монахињите. Меѓу нив беа присутни и некои епископи и кардинали. Тој благ оган е знак на најживописниот пламен на звањето кое поттикнало мажи и жени на сите возрасти да го прифатат монашкиот живот. (…)

Хомилијата на папата Фрањо беше фокусирана на ликовите на Симон и Ана, „двајца старешини“ кои го чекале исполнувањето на Божјото ветување: доаѓањето на Месијата. Нивните гестови укажуваат посебно на патот на посветените лица: да видиш, да се придвижиш, да прифатиш. Да видиш нагласи папата Фрањо затоа што самиот Господ е Тој Кој ги испраќа „сигналите“ Кој треба да нѐ набљудува за да нѐ повика „за да ја негуваме обновената визија на посветениот живот:“ „Потребно е тоа, нели! Но под светлото, под емоцијата на Светиот Дух… Не можеме да се преправаме дека не ги гледаме и да продолжиме како ништо да не се случило, повторувајќи ги вообичаените работи, развлекувајќи се по инерција во форма на минатото, парализирани од стравот од промени,“ предупреди Папата. (…)

Кога не го прегрнуваме Исус, „срцето се затвора во горчина“. Тажно е – рече, да се видат оние огорчени посветени лица“ кои се „затвораат во жалењето на работите кои не одат како треба.“ Секогаш на нешто се жалат: на претпоставените, на браќата, на заедницата, на кујната. Ако не се жалат, не живеат.“

Има луѓе кои се „огорчени“ затоа што не можат да го прегрнат Христос, „огорчени во приговарањето на работите кои не одат „според строгоста која нѐ прави нефлексибилни и спред ставовите на тврдење за супериорност.“ Од друга страна ако Христос го дочекаме со раширени раце, ќе ги дочекаме така и другите „со доверба и понизно.“ А потоа увери папата Фрањо „конфликтите нѐ влошуваат, одалеченоста не нѐ дели и згаснува искушението на злоупотреба и повреда на достоинството на сестрите и браќата.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот