Папата до филипинските верници: Многу страдавте, но благодарение на верата секогаш одново се подигнувате

Папата до филипинските верници: Многу страдавте, но благодарение на верата секогаш одново се подигнувате

По повод 500 години евангелизација на Филипините папата Фрањо на верниците им упати видео порака во која им се заблагодарува за тоа што знаеле да го даруваат она што бесплатно го примиле, Исусовиот живот и верата.

Народ кој знае да го прослави славењето на верата, великодушен и многуброен – со тие зборови папата Фрањо ги опиша верниците на Филипините во видео пораката упатена по повод 500 годишнината од евангелизацијата на таа азиска земја, спомнувајќи си на последната средба за време на Апостолското патување во Филипините во 2015 година со речиси седум милиони луѓе присутни на завршната света Литургија. (…)

Пастирите и верниците, Божјиот поклонички народ на Филипините за папата Фрањо исто така е народ кој знае да го следи Исус на Крстниот пат како Симон Киринеецот. Колку тешки моменти поминавте – истакнува и додава: Мислам најмногу на последните години од подготовката за јубилејот: земјотреси, тајфуни, вулкански ерупции и пандемијата од болеста Ковид -19. Но и покрај жалоста и уништувањето знаевте да го понесете крстот и да продолжите да одите. Многу страдавте, но исто така секој пат одново се подигнувате. (…)

Спомнувајќи ги повторно Исусовите зборови кои ја следат таа јубилејна година: „Бесплатно примивте, бесплатно давајте“, папата Фрањо истакна дека тие зборови се повик за благодарност на Бог за луѓето кои им ја пренеле верата. (…)

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот