Папата до Богопосветените лица: Пророштво, близина и надеж

Пророштво, близина и надеж – се трите зборови кои папа Фрањо ги исткна и објасни во говорот кон свештениците, монасите и монахињите кои се во Рим по повод затворањето на Годината на посветениот живот на 2 февруари 2016 година. Во вашиот секојдневен апостолат – напиша Папата во претходно подготвениот говор – не дозволувате да ве условува возраста или бројот. Она што повеќе значи е способноста повторно да го обновите своето прво „да“ на Исусовиот повик. Нашиот посветен живот – додаде – има смисла затоа што заедништвото со Исус нѐ сообличува со Него, нѐ прави Црква, дар за човештвото.

Крајот на годината на посветениот живот – стои во говорот кој го предаде кардинал Браз де Авиз – не значи прекин на настојувањето да се биде верен на примениот повик и да се расте во љубовта. Затоа предложи три збора. На прво место го истакна пророштвото, кој е сопственост на посветениот живот. Вие сте, пред сé, повикани да навестувате, повеќе со животот отколку со зборови, дека Бог е вистински. Ако понекогаш се отфрла или занемарува, треба да се прашаме дали сме биле доволно транспарентни за неговото лице, покажувајќи му го своето лице – пишува Папата во говорот.

Божјето лице, пак е она на милосрдниот Отец. За да се осознае, потребно е да имате посебен однос со него – пишува Светиот Отец, истканувајќи ја важноста на секојдневната молитва, особено тивкото поклонување. Вториот збор кој го исткна е близина. Ги поттикна Богапосветените лица, како и Исус да бидат блиски на луѓето, делејќи ја нивната радост и страдање. Вас никој нека не ве доживува далечни, одвоени, затворени и и поради тоа стерилни – посака папата Фрањо.

Секој од вас – продолжи Папата – е повикан да служи на ближните, според сопствената харизма: кој во молитва, кој во катехеза, кој поучувајќи, кој во грижа за болни или сиромашни, кој навестувајќи го Еванегелието, кој правејќи различни дела на милосрдието. Важно е да не се живее сам за себе, како што Исус не живееше за себе, туку за Отецот и за нас – нагласи папа фрањо.

На третото место ја истакна надежта. Сведочејќи го Бога и неговата милосрдна љубов – стои во говорот – со Христовата милост можете со надеж да го исполнете човештвото кое поради различни причини е означено со тешкотии и страв. На крајот посебно го спомена екуменското залагање и напомена дека сведоштвото на Богапосветените лица може да помогне на патот кон полното заедништво.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот