Папата до лаиците: Црквата има потреба од сведоштвото на лаиците

Третиот ден од посетата на Република Кореја, 16 август папата Фрањо ја заврши со средбата со водачот на претставниците на апостолатот за лаици во духовниот центар во Котонгна, повикувајќи ги за силно заземање за семејството кое е камен темелник на општеството и прво училиште за вредностите.

Поголемиот дел од тие лаици работат во центарот Котонгна кој во седумдесетите години од минатиот век го основа отец Џон Ох Вонг Јун, а денес е комплекс од стамбени згради, амбуланти, има и универзитет и рехабилитациски центар за сиромашни и болни за сите возрасти. Папата ја пофали работата која ја извршуваат и уште еднаш истакна колку важна улога имаат лаиците во историјата на Црквата во Јужна Кореја.

Нејзини се протагоностите лаици и маченици кои се одликуваат со солидарност, љубов кон ближниот, единство, праведност, тежнеење за слободата и мирот, рече папата Фрањо.

Посебно ја истакна важноста на жените католици за Црквата во Јужна Кореја. Тие се мајки во семејствата, катехистки, учителки и уште многу повеќе. Но, актуелната криза на семејството ни покажува колку е важно христијанското заедништво и дека семејството е камен темелник на општеството. Папата Фрањо уште еднаш како главна задача ја истакна и помошта на сиромашните, предупредувајќи дека не е доволно само да и помогнеш – треба да им овозможиш да го запознаат достоинството и радоста кои ги дава сопствената заслуга.

По заедничката молитва Папата ги повика учесниците на средбата да не заборават да молат за него.

Потоа Папата се врати со хеликоптер во Сеул, а последните точки од програмата беа скратени поради лошото време.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот