Папата до базичните заедници: Бидете Црква, која излегува и никогаш не се крие

Папата до базичните заедници: Бидете Црква, која излегува и никогаш не се крие

Во видео-порака објавена од панамазонската мрежа REPAM, која ја испрати по повод отворањето на 15. меѓуцрковна средба, која до 22 јули се одржува во Родонополис, Бразил, папата Фрањо повтори дека Црквата, како река, мора секогаш да се движи, бидејќи така „се чувствува силна“. На средбата учествуваат 1.500 претставници од целата земја, меѓу кои и домородните народи кои се борат да ја заштитат територијата од различни форми на шпекулации на штета на животната средина.

„Ако водата во реката не тече, таа станува мочурлива и се расипува. Кога Црквата излегува, кога оди, се чувствува посилна“.

Ова се зборовите на папата Фрањо од видео пораката, која ја објави Националната конференција на бразилските бискупи, а пренесена од Панамазонската црковна мрежа (РЕПАМ), по повод отворањето на 15. меѓуцрковна средба на основните црковни заедници, одржан на 18 јули во Рондонополис, Бразил.

1.500 претставници на базичните заедниците

Папата ја охрабри оваа иницијатива изразувајќи целосна согласност со темата на средбата – „Црква што излегува“, и поттикна да продолжат со работа за Црква која никогаш не се крие. На средбата, која завршува на 22 јули, присуствуваат 1.500 претставници на базичните црковни заедници од цел Бразил, монаси и монахињи, водачи на организации поврзани со Католичката црква и други христијански деноминации и духовни реалности, општествени и народни движења. Покрај тоа, на средбата учествуваат и 63 бискупи. Станува збор за средба чија цел е да се покаже вреднувањето на активностите на мирјаните, како и богатството што произлегува од културната различност. Покрај тоа, тоа е можност да се поддржи оценувањето во однос на социо-економскиот модел фокусиран на бескрупулозната експлоатација на природните ресурси.

Народна култура

На собирот беа истакнати типични елементи на домородните заедници, посебно квиломболасите, луѓе кои живеат од семејно земјоделство или се во привремени кампови, потоа рибари, градски работници, жени занаетчии, мигранти и доселеници кои го прават мешано бразилското население. Делегациите што ги претставуваат северните, североисточните, среднозападните, јужните и југоисточните региони беа спомнати во однос на нивните биоми: Амазонија, Каатинга, Серадо, Пантанал, Пампа и Атлантската шума, како и нивната историска тенденција за борба и народен отпор. Бискупот од Родонополис-Гиратинга, монсињор Маурицио Жардим, го спомена неговиот претходник Јувентино Кестеринг, кој почина минатата година. Во негов спомен беше истакнат голем транспарент со една од неговите симболични реченици: „Здравје за болните, радост за тажните и надеж за обесхрабрените“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот