Редовниот состанок на Кардиналскиот совет се одржа преку интернет врска

Редовниот состанок на Кардиналскиот совет се одржа преку интернет врска

Јунскиот состанок беше посветен на спроведувањето на новата Апостолска конституција за Римската курија и подготовките за конзисториумот што треба да се одржи кон крајот на август.

Канцеларијата за печат при Светиот Престол информира дека се одржа редовниот состанок на Кардиналскиот совет, советодавно тело создадено од папата Фрањо на почетокот на неговиот понтификат за да помогне во управувањето со Црквата и реформите на Римската курија, а се одржа преку интернет. Приклучувајќи се од Домот Света Марта, на средбата учествуваше и папата Фрањо.

Во соопштението се наведува дека учесниците на средбата, најнапред, размениле мислења за спроведувањето на новата Апостолска конституција за Римската курија, која стапи на сила на 5 јуни годинава. Потоа Кардиналскиот совет се осврна на некои организациски и тематски аспекти на претстојниот заеднички состанок на сите кардинали, закажан за 29 и 30 август.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот