Папата за одбележувањето на Светскиот ден за борба против сидата и повик за молитва во пресрет на апостолското патување

Папата за одбележувањето на Светскиот ден за борба против сидата и повик за молитва во пресрет на апостолското патување

На Генералната аудиенција, папата Фрањо потсети на Светскиот ден за борба против СИДА, а во пресрет на неговото апостолско патување на Кипар и Грција, побара од христијаните да го придружуваат со молитви.

Светскиот ден ден за борба против СИДА-та редовно се слави на 1 декември, а Папата во обраќањето до италијанските поклоници на Генералната аудиенција во среда 1 декември 2021 година рече дека е важна можност да се потсетиме на многу заболени од оваа болест, од кои многумина во некои делови на светот немаат пристап до основниот третман. Папата истакна дека се радува на обновената посветеност на солидарноста за да се обезбеди правична и ефикасна здравствена заштита.

Папата ги потсети и верниците дека следниот ден, на 2 декември, ќе замине во апостолска посета на Кипар, а потоа и Грција, за да ги посети „љубените народи на овие земји, богати со историја, духовност и цивилизација“.

Посетата ја опиша како патување на изворите на апостолската вера и братство меѓу христијаните од различни деноминации. Светиот Отец, меѓу другото, ги истакна средбите што ќе ги има со бегалците и мигрантите во двете земји, особено посетата на грчкиот остров Лезбос, каде мигрантите и барателите на азил се чуваат во кампови додека чекаат да бидат разгледани барањата за азил. Ќе имам можност да му пријдам на ранетото човештво овоплотено во толку многу мигранти во потрага по надеж, рече Папата, барајќи од верниците да го придружуваат со своите молитви.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот