Папата ја нарече средбата на претседателите на САД и Северна Кореја пример за културата на средба

Папата ја нарече средбата на претседателите на САД и Северна Кореја пример за културата на средба

После молитвата Ангел Господов на плоштадот Свети Петар во недела 30 јуни 2019 година, папата Фрањо се осврна на средбата помеѓу претседателите на САД, Доналд Трамп и Северна Кореја, Ким Јонг

Во последните часови сме сведоци на добар пример на култура на средба во Кореја – рече папата Фрањо после пладневната молитва и истакна: Ги поздравувам учесниците на таа средба и молам тој значаен гест да биде понатамошен чекор на патот за мир, не само на тој полуостров, туку и во корист на целиот свет.

На овој последен ден од јуни, сакам на сите работници да им посакам за време на летото да имаат одредено време за одмор, кое ќе биде на корист и на нивните семејства. Молам за сите оние кои овие денови страдаат од жешкото време: болните, старите, оние кои работат на отворено и други. Никој да не биде напуштен и искористуван – рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот