Свештеници од целиот свет на средба со папата Фрањо

Свештеници од целиот свет на средба со папата Фрањо

Од 6 до 10 февруари 2024 година, во Ватикан се одржува Меѓународна конференција за континуирана формација на свештениците на тема „Распалувај го Божјиот дар, кој е во тебе“.

Од 6 февруари во Ватикан се одржува Меѓународна конференција за континуирана формација на свештениците на тема: „Распалувај Божјиот дар, кој е во тебе“ (сп. 2 Тим 1,6), организирана од Дикастеријата за клер, во соработка со Дикастеријата за евангелизација и Дикастеријата за Источните цркви.

Конференцијата ќе трае до 10 февруари, а на неа учествуваат околу илјада експерти од пет континенти, а Бразил е најзастапена земја, а потоа следуваат Мексико, Италија, Полска и Филипините. Покрај тоа, има свештеници, монаси и мирјани од Исланд, Бурунди, Ел Салвадор, Кина, Гватемала, Молдавија, Русија, Украина и други шеесет земји.

Меѓународната конференција, наменета за одговорните за постојана формација на свештениците и експерти ќе добијат сертификат за учество на крајот од работата, со цел „да се започне процес заедно со сите помесните цркви кој ќе биде насочен кон зајакнување на постојаната обука и придружба на свештениците“.

„Почетната точка се резултатите од истражувањето кое во последните месеци е испратено до сите бискупски конференции и придонесот на учесниците пред и за време на конференцијата „Дарот на презвитерското звање“, во контекст на Ratio Fundamentalis Institutionis Sacerdotalis, кој е основен документ за свештеничката формација од 2016 година. Дефинираната методологија предвидува секоја од темите да започне со два/три кратки труда, по што ќе следи споделување на добри практики и размени во помали јазични работни групи“, стои во соопштението.

Работните сесии се поделени во пет дена, од кои секоја е посветена на една од димензиите наведени од Ratio.

Формацијата ќе заврши со средба со папата Фрањо во салата Павле VI.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот