Папата го прими иранскиот претседател Рохани

За иранската геополитичка улога на Блискиот исток, за борбата против тероризмот и меѓурелигискиот дијалог, разговараа Светиот Отец и иранскиот претседател Хасан Рохани, кој се сретна во Ватикан со Папата на 26 јануари 2016 година. За време на срдечниот разговор се истакнати заедничките духовни вредности, а потоа станало збор за добрите односи помеѓу Исламската Република Иран и Светиот Престол, за животот на Црквата во Исламската Република и за ангажирањето на Светиот Престол во промовирањето на достоинството на човечката личност и верската слобода.

Освен тоа на средбата се разговарало и за примената на Нуклеарниот договор, а е истакната важнната улога на Иран, која треба заедно со другите држави на Блискиот Исток да ја има во промовирање на соодветни политички решенија за проблематиката на Блискиот исток, во сузбивањето на тероризмот и трговијата со оружје. Освен тоа истакната е важноста на меѓурелигискиот дијалог и одговорноста на верските заедници во промовирањето на помирувањето, толеранцијата и мирот.

По разговорите со Светиот Отец, претседателот Рохани се сретна со кардинал Пјетро Паролин, Папскиот државен секретар, како и со архиепископот Галагер, секретар за односи со државите – стои во соопштението од Светиот Престол.

 РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан
Ознаки Иран, папа, Рохани

За авторот