Папата најави вонредно време за молитва и размислување

Папата најави вонредно време за молитва и размислување

На 3 јуни 2017 година, Папата во аудиенција ги прими учесниците на конференцијата на Папските мисиски дела, и им се обрати со пригодни зборови.

„Добро ја знаете мојата загриженост околу Папските мисиски дела, многу често сведени, на организација која во името на Папата, собира и дели помош на Црквите во најголема потреба. Со задоволство го прифатив вашиот предлог да свикаме вонредно време на молитва и размислување за посланието на Црквата меѓу народите – рече Папата.

Папата истакна дека во таа смисла ќе бара од целата Црква месец октомври 2019 година, да се посвети на таа цел, затоа што во таа година ќе се слави сто годишнината од Апостолското писмо „Maximum illud“ на папата Бенедикт XV, во кое се потсетува дека за ефикасност на апостолатот, неопходна е светоста на животот и се препорачува раст во заедништвото со Христос и поголема уверливост и радосно учествување во божествената ревност за навестување на Евангелието на сите, љубејќи ги сите и практикувајќи милосрдие кон сите, што е посебно важно за посланието на Црквата денес – рече светиот Отец.

„Оној кој го навестува Бог, нека биде Божји човек,“ поттикнува Бенедикт XV ( Let Ap „Maximum illud“, од 30 ноември 1919 година AAS XI [1919], 449). Обновете се, а тоа бара преобраќање; бара од нас мисијата да ја живееме како постојана можност за навестување на Христос; да правиме другите да го запознаат преку нашето сведочење и правејќи ги учесници во нашата лична средба со Него – рече папата Фрањо.

Папата посака „духовното и материјалното помагање на Црквите во потреба, сѐ повеќе да се заснова на Евангелието, како и на крштелната вклученост и заземањето на сите верници – лаици и клерици – во единственото послание на Црквата: љубовта Божја да ја приближите и да посредувате за секој човек – посебно на кои им е потребно неговото милосрдие – рече Светиот Отец.

Вонредниот месец на молитва и размислување ќе послужи за обнова на верата во Црквата, така во нејзиното срце ќе биде – и секогаш ќе делува – Воскресението на Исус Христос, единствениот Спасител, Господ и Свршеник на Црквата. Подготовката за оваа вонредно време, нека ни помогне сѐ повеќе да бидеме Црква во послание, според зборовите на блажен папа Павле VI:

„Црквата, навестителка на Евангелието, започнува со евангелизирање на самата себе. Заедницата на верници, заедница на надежта која се живее и во која се учествува, заедница на братската љубов, треба постојано да го слуша она во што треба да верува; за причините на својата надеж, за новата заповед на љубовта. (…)

Папата на крајот посака прославата на 100 годишнината од апостолското писмо „Maximum illud“, во октомври 2019 година, да биде можност, молитвата, сведоштвата на толку мисионери светци и маченици, библиското и теолошкото размислување, катехези и мисионерската љубов, да придонесат за евангелизирање – во прв ред – на самата Црква; така што, пронаоѓајќи ја свежината и жарот на првата љубов за Господ – распнат и воскреснат – да може да се евангелизира светот евангелски веродостојно и делотворно.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот