Папата ги прими на аудиенција епископите од Демократската Република Конго

Мир, семејство, млади. Овие три клучни теми се содржат во говорот на папата Фрањо, упатен до епископите од Демократска Република Конго, кои беа примени во петок 12 септември на аудиенција во Ватикан по завршувањето на нивната „Ад лимина“ посета.
Посебно е вниманието на Папата кон децата и младите, принудени да се борат во локалните војни. Светиот Отец ги охрабрува бискупите да сторат сé за да им помогнат. Особено на оние деца кои страдаат „поради несигурноста на својот живот, поради неможноста да го продолжат учењето или да најдат работа“. Папата мисли „со страв“ на оние „деца, оние млади, принудени да бидат дел од милициите, со обврска да убиваат“. Тој ги охрабрува предводниците на Црквта во Конга „да им помогнат на било кој начин“ на овие млади луѓе“, главно со обезбедување на простори за хумана, духовна и професионална подготовка“. Папата Фрањо истакнува дека „најефикасен инструмент за справување со насилството, нееднаквоста и етничките поделби“ е да им се „предложи на младите пат на напредок во евангелските вредности“, со зајакнување на пасторалната активност на универзитетите и училиштата.
Папата Фрањо ги повика епископите од Конго „да работат неуморно за реализација на фер и траен мир, преку дијалог и помирување меѓу различните слоеви на општеството“. Сето ова со подршка на процесот на разоружување организирање на ефикасна соработка со другите религии“. „Неопходно е“, нагласува Папата, „Црквата да даде свој придонес, без да го зазема местото на политичките институции“. Тој предупредува исто така „пастирите да не го заземаат местото на лаиците, чија мисија е да се сведоци на Христос и Евангелието, во политиката и секоја друга област од нивните активности“.
Папата Фрањо ги повикува бискупите да бидат блиски и до семејствата. Пред „распадот на семејството, предизвикано главно од војните и сиромаштијата“, предупредува Светиот Отец, „крајно е неопходно да се вреднуваат и поттикнат сите иницијативи наменети за зајакнување на семејството, извор на братство, основа и главен пат за мирот“. Папата не пропушта да ја охрабри и работата на мисионерите, свештениците и оние кои им „помагаат на повредените во животот и на жртвите од насилството“, со посебно обраќање до „бегалците во земјата и оние кои доаѓаат од соседните држави“. Како пастири, вие „сте повикани да понудите насоки и решенија за изградба на општество базирано на почитта и достоинството на човековата личност“.
РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот