Страдањето не се отстранува убивајќи го човекот кој страда

Папата повика да се шири поимот наука, кој се става во служба, а не кој поради селекција и културата на отфрлање ги предлага само патиштата на смртта, со уверување дека стрдањата се отстрануваат убивајќи го оној кој трпи.

Треба да се шири концептот на наука која се става во служба, а не која прави селекција – истакнува Папата во пораката која ја потпиша неговиот државен секретар кардинал Пиетро Паролин, упатена на учесниците на собирот одржан на 25 мај 2016 година во организација на поликлиниката Џемели од Рим на тема „Да го чуваме животот: Перинатален хоспициј, научен, етички и човечки одговор на пренталната дијагноза.“

Животот треба да го штитиме храбро и со љубов

Папата Фрањо повика на секојдневно заземање во остварувањето на Божјиот план за животот кој треба храбро да се заштитува и со љубов во знакот на близината и далеку од културата на отфрлање која ги предлага само патиштата на смртта со уверување дека страдањето се отстранува убивајќи го оној кој трпи. Светиот Отец исто така изрази надеж дека ќе се постигнат нови цели во служењето на луѓето и во напредокот на медицинската наука, во постојаната поврзаност со неминливите човечки и христијански вредности и во настојувањето со најголема љубов да се одговори на големото сиромаштво како што е состојбата на децата со тешки болести.

Сведоци сме на опсесивните настојувања за создавање живот

Под притисок на новите и големи научни достигнувања, а особено сите суптилни репрудуктивни технолигии денес сме – рече во своето излагање монс. Клаудио  Џулиодори главниот црковен асистент на Католичкиот универзитет Пресвето Срце – од една страна сведоци на опсесивните настојувања за создавање на живот создавајќи го по секоја цена и на било кој начин без никаков обзир кон достонството на жената и најмногу кон правата на детето кое треба да се роди, а кое е сведено на билошки производ кое треба да се подложи на сите квалитативни селекции кои се применуваат во производството на добрата за широка употреба.

Детето кое треба да се роди е изедначено со производ

Од друга страна пак затоа што е изедначено со прозивод се смета дека од него може да се прави сѐ што  че се посака, без разбирање. Продорниот рефрен кој се воздигнува и апсолутизира за потврдување на поединечни права често се користи како културно и законодавно средство за одобрување на секој облик на медицинска пракса која желбата за татковство и мајчинство ги претвора во право кое треба да се задоволи без никакви одложувања.

Човекот се става на местото на Бог

Така се оправдува оплодувањето „in vitro“, создавање ембрион во лабараторија и нивно замрзнување, селективно уништување по всадувањето, прекин на бременоста од било која причина и на најмал често не заснован сомнеж би можело да биде компликација – истакнува монс. Клаудио. Човекот се става на местото на Бог – додаде – се направил господ и господар на животот и според моменталното барање одлучува кој има право на живот, а кој не, не прашувајќи се повеќе што е добро, а што лошо, што е праведно или неправедно, вистинито или лажно.

Намерно убиен живот остава празнина и рана

Ако се појават проблеми во текот на бременоста родителите често мора сами да се соочат со проблемот, да ги преземат на себе евентуални критични ситуации или најавени малформации – рече монс. Клаудио. Искушението да се отфрли тој живот кој е слаб или кој не би преживеал по раѓањето може да биде големо и станува речиси несовладливо кога се прикажува како „терапевско решение“, а кое често го препорачуваат самите лекари. Но, на тој начин на страдањето се додава ново стрдање и никако не се решава проблемот, затоа што секој намерно убиен живот секогаш остава празнина и рана – истакна монс. Клаудио.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот