Папата Фрањо: Против војната е потребно храброст за мир

Папата Фрањо: Против војната е потребно храброст за мир

Папата Фрањо во пораката упатена до молитвената средба за мир во Берлин организиран од Заедницата Свети Егидиј повика на повеќе напори за мир во светот и Украина

„Да не губиме надеж и да истраеме во молитвата во борбата со војната и конфликтите, посебно во Украина“ е ова е апелот на Папата во пораката до учесниците на овогодишната меѓународна средба во „Духот на Асизи“ организирана од Заедницата Свети Егидиј, од 10 до 12 септември, на тема „Храброст за мир“.

Папата ја нарече локацијата на средбата „посебно емотивна“ бидејќи се одржува токму на местото каде што се урна ѕидот што ги делеше двете Германии и ги делеше двата света на Западна и Источна Европа. „Падот на ѕидот, истакна Папата, отвори нови хоризонти, како што се слобода на народите, обединување на семејства и надеж за нов светски мир по Студената војна. Истовремено, тој посочи дека со тек на годините ветувањето за таква иднина не се градело врз оваа заедничка надеж, туку на „лични интереси“ и „взаемна недоверба“.

„За жал“, напиша Папата во пораката, „со тек на годините, оваа заедничка надеж не се гради врз, туку врз лични интереси и недоверба кон другите“. Наместо да се рушат ѕидовите, подигнати се други. И за жал, чекорот од ѕидот до ровот, е често краток. Денес, војната сè уште уништува премногу делови од светот: мислам на многу области во Африка и Блискиот Исток, но и на многу други региони на планетата; и Европа ја доживува војната во Украина, ужасен конфликт кој продолжува да предизвикува смрт, рани, болка, раселување и уништување“.

„Не можеме да се помириме со оваа реалност“, нагласува Папата. Потребна е поголема „храброст за мир“. Реализмот не е доволен, политичките размислувања не се доволни, стратешките аспекти реализирани досега не се доволни; потребно е нешто повеќе бидејќи војната продолжува. „Потребна е храброст за мир: сега, бидејќи премногу конфликти трајат предолго.

Папата Фрањо ги повикува верниците да не се плашат „да бараат мир“, обединувајќи се „со сестрите и браќата од други религии и со сите оние кои не ја прифаќаат неизбежноста на конфликти“. Да молиме од Небото за она што изгледа невозможно на земјата. „Упорноста во молитвата е првата форма на храброст“, забележа Светиот Отец.

„Да продолжиме неуморно да молиме за мир и да чукаме со понизен и упорен дух на секогаш отворената врата на Божјото срце и на вратите на луѓето“, заклучува Папата. Да молиме да се отворат патиштата на мирот, посебно за милата и измачена Украина. Веруваме дека Бог секогаш го слуша плачот на неговите деца. Слушни нè, Господи!“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот