Бегалците не смеат да бидат „нова нормала“

Бегалците не смеат да бидат „нова нормала“

Во контекс на масовните бранови бегалци предизвикани од војните и климатските промени, на состанокот на УНХЦР на 10 октомври во Женева, потсекретарот на Одделот на државниот секретаријат на Светиот Престол за односи со држави и меѓународни организации за мултилатералниот сектор, Франческа ди Џовани, апелираше за поголема солидарност и заедничко застапување за мир во светот.

На седницата на Извршниот комитет на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, Ди Џовани ја истакна потребата од подобро разбирање на причините за бегалците, посочувајќи дека Светиот Престол затоа повикува на подлабоко размислување за корените на присилното раселување и потребата да се подобри состојбата во земјите од кои доаѓаат бегалците и да се промовира и олесни помирувањето.

Повикувајќи се на зборовите на папата Фрањо, Ди Џовани предложи учество на државите во „план за глобален мир“ наместо да се следат стратегии за политичка, економска и воена превласт. Треба да кажеме „не“ на свет поделен на конфликтни сили и „да“ на свет во кој народите и цивилизациите се обединети и меѓусебно се почитуваат.

Таа истакна дека Светиот Престол со голема загриженост ги следи последиците од војната во Украина, вклучително и присилната депортација на украинските граѓани, и ги повика сите држави да направат се што е во нивна моќ да ја прекинат таа војна и да се посветат на искрен дијалог за траен мир.

Ди Џовани рече дека конфликтите и долгорочните бегалци не смеат да станат „нова нормала“. Бегалците и прогонетите се луѓе, а со тоа и субјекти на права и обврски, а не објекти на помош. Таа ги критикуваше и земјите кои го „екстернализираат“ справувањето со бегалците избегнувајќи одговорност преку договори со други земји кои го запираат бегалскиот проток на одредени точки. Таквото делегирање на одговорност не води до поефективни и долготрајни решенија, туку ги принудува оние што бараат азил на сè поопасни алтернативни патишта.

Последиците од климатските промени и природните катастрофи се веќе сурова реалност за многу сиромашни и луѓе во потреба. Тешките услови за живот и движењето на бегалците бараат од државите и институциите посериозно да го сфатат овој проблем и поинтензивно да соработуваат за да ја потврдат улогата на УНХЦР, рече Ди Џовани.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот