Трговијата со луѓе продолжи и за време на пандемијaта

Трговијата со луѓе продолжи и за време на пандемијaта

Извештаите на католичките организации за помош кои стигнуваат во Ватиканската секција за мигранти и бегалци покажуваат дека во пандемијата од коронавирусот трговијата со луѓе и модерното ропство продолжуваат, а на некои подрачја и зајакнуваат.

Затворањето на границите во многу делови во светот и социјалното дистанцирање успеа да го ограничат ширењето на коронавирусот. Но, невработеноста, порастот на сиромаштвото и недостатокот на храна предизвикани од рестрикциите на многу луѓе особено на сиромашните ги направија подложни на трговијата со луѓе, искористувањето и модерното ропство.

Меѓународната мрежа на верници против трговијата со луѓе „Талита Кум“ бележи пораст на бројот за загрозените. Меѓународната координаторка с. Габриела Ботани истакнува дека посебно се обраќаат на групи со висок степен на опасност од трговија со луѓе, посебно на оние во селските подачја, бегалски кампови и сиромашни кваротви. Оние до кои не успеваат физички да допрат се обидуваат да им помогнат преку телефон.

Скалабринскиот центар за миграциски студии во Бразил и Католичките монахињи против трговијата со луѓе во САД предупредуваат дека децата би можеле да станат најизложени на експлоатација – преку дигиталните платформи кои не се само омилени на децата, туку и на трговците со луѓе. Повикуваат на поинтензивно подигнување на свеста за опасноста од криумчари и методите со кои се служат.

Надбискупот на Вестминстер кардиналот Винсент Николс ја повика британската влада на уште поодлучна борба против модерното ропство, затоа што пандемијата ја „ослабна контролата и намалувањето на можностите за спасување“ на луѓето од искористување и грижата за преживување. Католиците ги повика да пружат поддршка во организациите кои директно работат со жртвите на модерното ропство.

Проектот Надеж (Proyecto Esperanza) во Шпанија кои го водат служителите на Пресветата Тајна Евхаристија од прогласувањето на карантинот се грижат за 115 жртви на трговија со луѓе, вклучувајќи и десетина малолетници. Со жртвите до кои не можат да допрат се поврзани преку телефонската врска.

Во Малезија Корпусот за заштита на жените, проект на Меѓународната католичка комисија за мигранти дава поддршка на жртвите на насилство врз основа на пол. Во текот на пандемијата емитува серија видео спотови кои промовираат помеѓу останатото свест за девојчињата принудени на брак и последиците од стереотипите за женските и машките улоги.

Службата за бегалци на Исусовците (JRS) во покраината Северен Кив во ДР Конго обезбедува стручни курсеви за мали претприемачи со кои на жените им се овозможува да ги подобрат животните услови и да се осамостојат. Службата за бегалци на Исусовците помага на околу 200 жени, жртви на вооружени групи кои после силувањето се стигматизирани и исклучени од семејството и заедницата.

Организацијата на Исусовците Ентрекултурас и Албоан во Чад пак помага на повеќе од 102.000 студенти кои поради карантинот се во опасност од регрутација во вооружени групи. Ентрекултурас и Албоан настојуваат да им помогнат со интернетски курсеви и други достапни начини на едукација, а приоритет им се деовојките и жените.

Во италијанското „Нова надаж“ девојките спасени од улица кои биле изложени на сексуална злоупотреба и насилство изработуваат заштитни маски. Кројачкиот центар во Касерти е дел од проектот „Каса Рут“ на урсулинките на Безгрешното Срце Богородично.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот