Папата: Ако постојано Го одбиваме Исус, на крајот Тој ќе нè одбие нас

Папата: Ако постојано Го одбиваме Исус, на крајот Тој ќе нè одбие нас

Колку пати Исус нè повикува на гозба, а ние немаме време за Него.

Извинувањето е љубезен збор за одбивање – истакна папата Фрањо во проповедта на светата Литургија која ја служеше на 6 ноември 3018 година во домот Света Марта, размислувајќи за Евангелието за денешната Литургија која зборува за еден човек кој подготвил вечера и на неа Го поканува и Исус. По тој повод го раскажува вчерашното Евангелие кое е продолжение на денешното, го оздравува болниот и забележува дека многу од поканетите ги заземале првите места. Затоа му препорачува на човекот да ги покани на вечера најсиромашните кои нема да му возвратат – рече Папата.

Во еден момент на трпезата – овде започнува делот од денешното Евангелие – еден од гостите извикнува: „Блажен е оној, кој ќе јаде леб во царството Божјо!“ – цитира Светиот Отец и продолжува: Се работи за настан со двојно одбивање. Исус го раскажал настанот за човекот кој подготвил големата вечера и повикал многу луѓе. Неговите слуги им рекле на поканетите: „Дојдете, оти сè е готово!“ Меѓутоа сите започнале да се извинуваат за да не одат.

Извинувањето е љубезен збор за да не кажеме: „одбиваме“ – рече папата Фрањо и додаде: Одбиле, но љубезно. Тогаш домаäинот ги испратил слугите на улиците за да ги повикат сиромашните, болните, хромите, слепите и тие дошле на прославата. Евангелието завршува со второто Исусово одбивање. Кој го одбива на Исус, Исус го чека, му дава втора прилика, можеби трета, четврта, петта… Но, на крајот одбива Тој.

За тоа одбивање и ние мораме да размислиме – рече Папата и нагласи понекогаш Исус нѐ повикува да славиме со Него, да Му бидеме блиску и да го промениме својот живот. Замислете, ги бара своите најблиски пријатели и тие го одбиваат! Потоа ги бара болните и тие доаѓаат. Можеби некои одбил. Колку пати сме го слушнале Исусовиот повик како нѐ повикува кај Себе, како нѐ повикува да направиме некое дело на љубовта, како нѐ повикува на молитва, да Го сретнеме, а ние сме Му одговориле: „Прости Господи, зафатен сум, немам време. И Исус останува таму.

Колку пати и ние сме Го молеле Исус да нѐ извини кога нè повикал да се сретнеме и да разговараме со Него – рече Светиот Отец и напомена: И ние сме го одбиле Исусовиот повик. Нека секој од нас размисли: Колку пати во својот живот почувствувал вдахновение од Светиот Дух да направи дело на љубовта, да Го сретне Исус во тоа дело на љубовта, да оди да моли и да го промени животот? Што не било добро во тоа? Дали секогаш сме си наоѓале причина за извинување и одбивање?

На крајот во Царството Божјо ќе влезе оној кој не го одбива Исус или кого Он не го одбива – рече папата Фрањо и предупреди: Тие кои мислат дека Исус е добар и дека на крајот сè ќе им прости мора да знаат дека е добар и милосрден, но и праведен. Ако одвнатре ја затворите вратата на своето срце, Он не може да ја отвори, затоа што има голема почит кон вашето срце. Да се одбие Исус значи одвнатре да му се затвори вратата Он да не може да влезе. Никој од нас во моментот кога го одбива Исус не мисли на тоа: Му ја затворив вратата на Исус одвнатре.

Потребно е уште да се запрашаме: Кој ќе ја плати гозбата? Одговорот е Исус. Апостол Павле во првото читање од денешната Литургија ја покажува сметката за тоа славење зборувајќи за Исус Кој сè тргна од себе, прифаќајќи ја улогата на слуга и понижувајќи се сè до смрт на крст. Исус го плати тоа славење со својот живот. А ние велиме: „Не можеме!“ Нека Господ ни дарува милост да ја сфатиме таа тајна на закоравено срце, тврдоглавост и отфрлање. Нека ни ја дарува милоста на солзите – заврши Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот