Папата до идните нунции: Вдахновувајте се од Шарл де Фуко и Петар Фавре

Папата до идните нунции: Вдахновувајте се од Шарл де Фуко и Петар Фавре

Попладнето на 8 јуни Светиот Отец ја посети Папската црковна академија и разговараше со студентите за актуелните настани во светот и за дипломатската служба на Црквата, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Папата Фрањо им се обрати на 36 свештеници, кандидати кои се на подготовка за дипломатската служба на Светиот Престол, кои доаѓаат од 22 земји. Заедно со нив беа и претседателот монс. Џозеф Марино, економист и префект на студиите, монс. Габриел Марсело Виола Касалонге и Исусовецот отец Орландо Торес.

За време на разговорот, Папата ја истакна важноста да се биде вкоренет во свештеничката духовност која се храни со молитва. Тој ја истакна улогата на мисиската што ја посакуваше како составен дел од подготвителниот пат. Светиот Отец посочи неколку модели на светост за дипломатскиот живот – Свети Шарл де Фуко и Свети Петар Фавре.

После посетата папата Фрањо се врати во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот