Одговор на скептиците

Се чини дека доказите во целост го потврдуваат тврдењето на др. Метерел. Но имаше уште поединости со кои сакав да се позанимавам – преостана уште една чувствителна точка во неговиот приказ која многу лесно би ја поткопала веродостојноста на библискиот приказ.

„Во евангелијата стои дека војниците им ги скршија нозете на двајцата кои беа распнати со Исус“, реков. „Зошто“? „Ако сакале да ја забрзаат смртта – а со оглед на близината на саботата и Пасха, еврејските водачи тоа секако сакале да го решат пред заоѓањето на Сонцето – Римјаните веројатно се послужиле со железна шипка или со кратко римско копје и така на жртвите им ги скршиле потколениците. Човек така не би можел да се подига да дише, а до смрт поради гушење би дошло за само неколку минути.

Метерел: Секако, во Новиот Завет пишува дека на Исус не му ги скршиле нозете бидејќи војниците заклучиле дека е веќе мртов па само потврдиле со копјето. Станува збор за уште едно исполнување на старозаветното пророштво за Месијата: „Коска Негова нема да се прекрши“.

Повторно го прекинав. „Некои се обидоа да фрлат сомнеж на сцените во евангелијата, напад да се влезе во приказната за распнувањето“, реков. „На пример, во една дамнешна статија во Harvard Theological Reviewu се заклучува дека постои ’неверојатно малку докази дека со клинци им ги пробивале стапалата на лицата на крстот’. Наместо тоа, стои во статијата, на жртвите им ги врзувале рацете и нозете за крстот со јажиња. Не мислите ли дека тоа ја доведува во прашање веродостојноста на новозаветните сцени“?

Др. Метерел се помрдна така да сега седеше на работ на наслонот. „Не“, одговори, „бидејќи археологијата утврдила дека користењето на шајки, или шила, е историски факт – иако недвосмислено признавам дека понекогаш се користеле и јажиња“.

„Кои се доказите за тоа“?

„Во 1968 година археолозите во Ерусалим пронашле остатоци на приближно триесет и пет Евреи кои умреле во текот на востанието против римската власт, некаде околу 70 година. Една жртва, по сè судејќи, човекот се викал Јоханан, била распнат. Во неговото стапало пронашле седумнаесет сантиметри долг клинец, со парче маслиново дрво од крстот. Станува збор за одлична археолошка потврда на клучни поединости за описот на распнувањето“.

Секоја чест, помислив. „Но уште еден контроверзен дета, а се однесува на стручноста на Римјаните во утврдувањето на Исусовата смрт“, истакнав. „Тие луѓе биле многу примитивни кога се работело за сфаќање на медицината, анатомијата итн. – како знаеме дека едноставно не погрешиле кога утврдиле дека Исус не е повеќе жив“?

„Признавам дека тие војници не студирале медицина. Но сетете се дека биле експерти за убивање – тоа им било работа и ја извршувале многу добро. Без никакво сомневање знаеле кога е некој мртов, а тоа всушност навистина не е така страшно тешко да се утврди. Освен тоа, кога затвореникот случајно би побегнал, би ги погубиле за тоа одговорните војници, така да и тоа како имале мотиви да бидат сосема сигурни дека сите жртви при симнувањето од крстот се навистина мртви“.

Завршен аргумент Повикувајќи се на историјата, медицината, археологијата, дури и римските војни правила, Метерел ги покри сите евентуални дупки: Исус никако не можел да слезе од крстот жив. Сепак, уште малку го притиснав.

„Постои ли било каква можност – било какви изгледи – Исус сето тоа некако да го преживеал“?

Метерел одмавна со главата и го подигна прстот, нагласувајќи ги зборовите. „Апсолутно не“, рече. „Сетете се дека уште пред почетокот на распнувањето бил во хиперволемичен шок од силното губење на крв. Никако не можел да изглуми смрт, бидејќи човек не може долго да глуми дека не диши. Освен тоа, копјето кое му го забија во срцето во секој случај дефинитивно би ја решило работата. А Римјаните не сакале да се изложат на опасност од тоа и самите да погинат поради превид, во случај тој да се извлече жив“. „

Значи“, реков, „кога некои ви велат дека Исус можеби само се онесвестил на крстот…“

„Им велам дека е тоа невозможно. Се работи за имагинативна теорија без основа и факти.

И покрај тоа, уште не бев сосема спремен да се откажам од истата тема. Иако знаев дека можеби со тоа ќе го налутам и возбудам соговорникот, реков: „Да претпоставиме дека некако се случило невозможното и дека Исус на некој начин го преживеал распнувањето. Да кажеме дека успеа да побегне од платнениот завој, да го тргне дивовскиот камен од влезот на гробот и да помине покрај римските вијници кои таму стражареле. Во која состојба, од медицински аспект, би бил во моментот кога го пронашол учениците“?

Метерел не сакаше премногу да се приклучи на таа игра. „Повторувам“, нагласи, сега веќе нешто поенергично, „нема теорија дека го преживеал крстот. Меѓутоа тоа и некако да се случило, како би одел ако стапалата му беа пробиени со клинци? Како би се набрзо потоа појавил на патот за Емасу, одел со километри и километри? Како би се служел со рацете, онака истегнати и исчашени? Не заборавајте дека и на грбот имаше големи рани и раната од копјето во градите“.

Во тој момент накратко замолкна. Нешто му кликна во главата и сега веќе беше подготвен да го изнесе завршниот аргумент кој дефинитивно, еднаш засекогаш, ќе го прободе срцето на теоријата на онесвестувањето. Станува збор за аргументот кој никој не успеал да го побие уште откако во 1835 година го изнесол германскиот теолог Давид Штраус.

„Слушајте“, рече Метерел, „човек во таква состојба никако не би можел да ги вдахне учениците да шират глас за тоа дека е Господар на животот кој ја надвладеа смртта. Сфаќате ли што сакам да кажам? После така ужасни маки и мачења, со катастрофално губење на крв и трауми, би изгледал толку јадно што учениците ни случајно не би го славеле како некој кој чудесно ја победил смртта. Би го жалеле и би се обиделе да го излекуваат. Затоа е всушност апсурдно да се мисли дека следбениците, ако им се укажал во таква ужасна состојба, би почувствувале потреба да втемелат и шират такво движење врз темел на надежта дека и тие еднаш ќе воскреснат во таков облик. Едноставно нема теорија…“.

Прашањето за срце уверливо и мајсторски, Метерел својата аргументација ја изнесе така да не остави место ни за трошка сомнеж. Притоа се фокусира исклучиво на прашањето „како“; како го убија Исус така дека смртта била апсолутно сигурна? Но додека го довршувавме разговорот, ми се причини дека сепак нешто недостасува. Се запознав со неговото знаење, но не дојдов до неговото срце. И така, кога веќе стоевме и се ракувавме при разделбата, почувствувам потреба да го поставам и прашањето „зошто“.

„Пред да тргнам, дозволете да ве прашам уште нешто. Ме интересира вашето мислење… не стручно, медицинско, не научна процена, туку нешто од срцето“. Почувствувам како неговите одбранбени механизми помалку попуштаат.

 „Да“, рече, „кажете“, а јас ќе пробам да одговорам“.

„Исус намерно се изложил на човекот кој го предал, не се спротивставил на спроведувањето, не се бранел на судењето – било очигледно дека своеволно се подложува на она што го нарековте понижувачко мачење со невидена болка. Ме интересира зошто. Што може еден човек воопшто да го поттикне да се согласи на таква казна“?

Александар Метерел – овој пат човек, а не доктор – очигледно ги бараше адекватните зборови. „Искрено говорејќи, мислам дека обичен човек тоа не би бил во состојба да го направи и да го поднесе“, одговори на крајот. „Но Исус знаеше што се подготвува и бил спремен тоа да го издржи бидејќи единствено така можеше да нè откупи – служејќи како замена и плаќајќи со смртна казна која ја заслуживме ние со побуната против Господ. Тоа беше смислата на неговата мисија на доаѓање на земјата“.

И после тие зборови претпоставував дека Метереловиот несмислено рационален, логичен и организиран ум настојува да го сведе моето прашање на најтемелен одговор кој понатаму не е можно да се редуцира.

„Затоа, кога прашувате кои му биле мотивите“, заклучи, „ете… ми се чини дека одговорот може да се сумира во еден збор – љубов“.

Додека со автомобилот се оддалечував од неговата куќа, токму тој одговор непрекинато ми одѕвонуваше во мислите.

Реален извештај за маката

Агонијата на Крстот

Битно нет/С.С.

За авторот