Марш за живот во Вашингтон: Секој живот е дар

„Ние сме pro-life генерација! Ние сме pro-life генерација!“, извикуваа учесниците од Движењето за живот во Вашингтон, главниот град на САД. Големото мнозинство од 20.000 учесници го сочинуваа млади молејќи, одејќи и сведочејќи за животот.

Годишното „Движење за живот“ традиционално се одржува по повод сеќавањето на пресудата на Врховниот суд во случајот „Рое Ваде“ од 1973 година кога во целата држава беше легализиран абортусот.

Поддржувачите за живот го исполнија Твитер со пораките „Се движам за љубовта“, „Се движам во името на неродените деца кои не можат да зборуваат за себе“, „Човековите права важат за сите“, …

На протестот се придружија и голем број свештеници, монаси и верници како и неколку бискупи.

„Секој живот е дар“, напиша на Твитер бискупот Џејмс Д. Конли од Линколн.

Меѓу учесниците беа присутни и тие кои сведочеа за извршените абортуси.

„Јас се движам за сите жени кои беа излажени додека работев во клиниката за абортуси“, рече една жена од учесниците.

Друга рече дека се кае заради сторениот абортус, а еден човек носеше натпис „Мажите жалат заради изгубеното татковство“.

Гласноговорниците изнесуваа пораки за единство и надеж нагласувајќи дека секој живот е дар.

„Дојдовме да зборуваме во име на прерано родените деца кои не беа во можност да зборуваат за себе. Дојдовме да го славиме животот и да ги оплачиме бебињата кои беа убиени со абортус. Дојдовме да му порачеме на светот дека абортусот е грев. Тоа е одземање невин живот и тоа мора да престане“, порача претседателката на Движењето за живот Жана Монахан.

„Секој живот е дар“, напиша на Твитер и папата Фрањо поддржувајќи ги учесниците на Движењето за живот.

Лаудато/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот