Од проповедта на Папата: Ѓаволот не е мит, туку реалност

Христијанскиот живот е борба против ѓаволот, светот и похотите на телото – рече папата Фрањо во  проповедта на светата Литургија на 30 октомври во капелата на домот Света Марта. Коментирајќи го Посланието на свети Павле до Ефесјаните, Папата рече дека ѓаволот постои и дека мораме со силата на вистината да се бориме против него.

Истакнувајќи дека свети Павле на Ефесјаните со воен речник им зборува за христијанскиот животот, Папата нагласи дека животот во Бог треба да се брани. Потрена е сила и храброст за истрајност и навестување. За да се напредува во духовниот живот, треба да се бориме. Христијанскиот живот има тројца непријатели, а тоа се ѓаволот, светот и телото, односно нашите похотим кои се рани од источниот грев. Исус бесплатно нè спасува, но ние мораме да го браниме добиеното спасение – рече Папата прашувајќи:

Од што треба да се бранам? Што треба да правам? Свети Павле вели дека треба да ја облечеме опремата Божја за да се спротивставиме на ѓаволските валкани трикови.. Јасно е. Нема христијански живот без борба против искушенијата, против ѓаволот, без облекување на опремата Божја, која ни дава сила и нè брани – објасни папата Фрањо.

Свети Павле вели да се бориме против началствата, против властите, односно против ѓаволот и неговите. На ова генерација и на многу други говореа дека ѓаволот е мит, а не реалност. Ѓаволот сепак постои, а ние мораме да се бориме против него. Тоа го вели свети Павле, не јас. Тоа е Слово Божјо – рече Папата и додаде. Не сме сосема уверени. Павле зборува од што е создадена Божјата опрема: „И така стојте, откако ќе се опашете со вистина!“ Вистината е Божјата опрема – рече Светиот Отец.

Ѓаволот е лажго – продолжи Папата – татко е на лажговци и лаги. Павле пак вели дека со вистината треба да ги опашаме бедрата, облекувајќи го штитот на праведноста. Тврди, па не можеме да бидеме христијани без трајно заземање за праведноста. Во таа борбата ни помага верата. Верувам или не верувам? Имам ли барем малку вера или сум верник или неверник? Павле вели дека без вера не може да се оди напред, не може да се одбрани добиеното спасение. Потребен ни е штитот на верата, бидејќи нас ѓаволот нè не бомбардира со цвеќе, туку со вжарени стрели за да нè убие – кажа Папата.

Папата поттикна да се вооружиме со шлемот на спасението и мечот на Духот односно Словото Божјо. Повика на трајно молитвено бдение. Христијанскиот живот е многу убава борба, бидејќи секогаш сме радосни кога Господ победува во нашиот живот, кога победува со своето бесплатно спасение. Да, сите помалку сме мрзеливи и дозволуваме некои искушенија да нè водат, сите сме грешници. Сепак не мораме да очајуваме, бидејќи Господ е секогаш со нас – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот