Папата ги прими членовите на Папскиот совет за законодавни текстови

Папата ги прими членовите на Папскиот совет за законодавни текстови

Во петокот на 21 февруари 2020 година, папата Фрањо ги прими членовите на Папскиот совет за законодавни текстови.

Во своето обраќање, Папата нагласи дека Советот помага во легислативните функции, интерпретација на канонското право, асистира во другите конгрегации во областите поврзани со канонското право и го проверува легитимитетот на нормативно законодавните текстови во Црквата.

Папата Фрањо меѓу останатото рече дека Советот нуди помош на епископите и на епископските конференции за исправно да го интерпретираат и применуваат законот. Тој ја нагласи важноста во помагањето на луѓето подобро да ја разберат пасторалната природа на канонското право воопшто, но и како средство за спасение на душите и неопходноста истиот во покорност да се вреднува правдата.

Напомена исто така дека за разлика од цивилното право, црковното право секогаш има пасторално значење, не само за црковната заедница, туку и „за доброто на оние кои се виновни“. „Целта е обнова/рехабилитација на поединецот, што нагласува дека канонската казна не е инструмент за присилување, туку има и значајно лековит карактер“, рече папата Фрањо наведувајќи дека крајната цел е остварување на Царството Божјо и повторно градење на праведноста во заедницата на верниците.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот