Среќен 71. роденден на папата Лав XIV

Среќен 71. роденден на папата Лав XIV

Денес, 14 септември 2026 година, Католичката црква и верниците ширум светот се обединуваат во молитва и благодарност по повод 71. роденден на папата Лав XIV.

Светиот Отец, роден како Роберт Френсис Превост на празникот Воздвижение на Чесниот Крст, според Грегоријанскиот календар, во 1955 година во Чикаго, од мај 2025 година посветено ја води Црквата како нејзин 267. Петров наследник.

Неговиот пат, од скромен августински редовник и долгогодишен мисионер во Перу до чело на Католичката црква, остави белег на близина со верниците, особено со најсиромашните и најпотребните.

На овој да молиме за негово добро здравје, непоколеблива сила и Божја мудрост во водењето на Црквата низ предизвиците на денешното време.

Божјиот благослов нека го придружува на секој негов чекор.

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот