Караванот Католици.мк се претстави во Богданци и Гевгелија

Во среда 20 април 2016 година Караванот Католици.мк се претстави пред верниците во Богданци и Гевгелија.

На овие две одвоени средби, парохот во Богданци о. Тома Ангелов, односно во Гевгелија о. Димитар Ташев пред присутните верници ја образложија целта за присуството на Караванот Католици.мк во овие прарохии.

Претставувањето го започна о. Гоце Костов кои ги истакна предизвиците на Католици.мк и Радио Ватикан – македонска програма, додека о. д-р Зоран И. Стојанов зборуваше за Светлина – христијанско списание. Инцијативата „Пријатели на Католици.мк“ беше претставена од о. Ванчо Назов, а м-р Данче Ичева го пренесе своето волонтерско искуство во Католици.мк, Светлина и Радио Ватикан – македонска програма.

На крајот од средбата о. Гоце Костов искажа благодарност до сестрите Евахристинки во Гевгелија за нивните молитви и ангажираност околу промоцијата на Католици.мк.

Караванот Католици.мк своите активности ќе ги продолжи во месец мај и ќе се претстави во Скопје.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот