Бискупот Стојанов во посета на една од највозрасните вернички во Скопската парохија

Бискупот Стојанов во посета на една од највозрасните вернички во Скопската парохија

На 18 март 2021 година во попладневните часови, во пресрет на празникот Свети Јосиф, бискупот Стојанов ја посети госпоѓа Јозефина Андреевска во нејзиниот дом, една од највозрасните вернички во Скопската парохија. Во таа прилика бискупот Стојанов ја исповеда и причести, честитајќи ѝ го именденот и посакувајќи ѝ Божји благослов и многу здравје.

Госпоѓа Јозефина Андреевска е една од највозрасните вернички во парохијата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје и беше една од најредовните на светата Литургија и побожностите во скопската парохија. И тогаш кога мораше да се движи со количка секогаш беше донесувана на света Литургија од нејзините најблиски. Откако е прикована за креветот таа не може да доаѓа на света Литургија, но и понатаму од својот кревет таа се соединува со Црквата во молитвите, молејќи за сите нејзини верници и служители.

Нејзиниот небесен заштитник Свети Јосиф, чувар на Светот Семејство, секогаш нека ја застапува пред Бога и Божјиот благослов нека ја прати во нејзиниот живот.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот