Папата Фрањо: „Следниот Светски ден на млади ќе се одржи во Сеул, Јужна Кореја“

Папата Фрањо: „Следниот Светски ден на млади ќе се одржи во Сеул, Јужна Кореја“

На крајот од светата Литургија по повод Светскиот ден на млади, папата Фрањо изрази длабока благодарност до сите оние кои ги направија настаните исполнети со благодат и ја најави азиската земја како следно место на Светскиот ден на млади во 2027 година.

Пред да ја објави со нетрпение очекуваната вест дека следниот Светски ден на младите ќе се одржи во Сеул, Јужна Кореја, „преместувајќи се од западниот раб на Европа кон Далечниот Исток“, папата Фрањо изрази благодарност до сите оние кои го овозможија во Лисабон да се одржи Светскиот ден на млади 2023.

Има еден израз, рече тој, кој деновиве често го слушаме: „Благодарам!“, односно „Obrigado!“. Папата упати благодарност до сите оние кои го подтотвија овој Светски ден, а потоа ја молеше молитвата Ангел Господов, со која заврши Светскиот ден на млади во Лисабон.

Пред да го заврши своето обраќање, папата Фрањо ги повика младите „од целиот свет“ во Рим за јубилејот 2025 и го најави Сеул, Јужна Кореја, како следна локација за Светскиот ден на млади. Настанот ќе се одржи во 2027 година.

Тој, исто така, ги повика присутните млади луѓе да дојдат во Рим за јубилејната 2025 година, нарекувајќи го „Јубиелј на млади“.

Последното „obrigado“, и „најголемото“, беше упатено до Господ Исус и „Блажената  наша Мајка“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот