Папата до Методистичките и Валдензиските Цркви: Понудете заеднички одговор на сиромаштијата

Папата до Методистичките и Валдензиските Цркви: Понудете заеднички одговор на сиромаштијата

Синодата на Унијата на Методистичките и Валдензиските Цркви започна завчера во Торино. Во пораката, Папата ги охрабри да понудат заеднички одговори на сиромаштијата и страдањето што ги мачи многу луѓе, особено најсиромашните и најслабите, со што се промовира правдата и мирот.

Единство, меѓусебно разбирање, соработка и посветеност како би дале заеднички одговори на сиромаштијата – уште еднаш побара Папата Фрањо во пораката што ја испрати при отворањето на Синодата на Унијата на Методистичките и Валдензиските Цркви. Се молам за сите вас, така што, деновиве, сите вие посветени на средбата, молитвата и размислувањето, можете да го искусите Светиот Дух, кој иницира и дава сила на христијанското сведочење – напиша Папата, повикувајќи на зајакнување на екуменскиот дух кај христијаните, како и за растот на заедништвото меѓу нашите Цркви.

Во својата порака, Светиот Отец ја истакнува итноста на вистинско сведоштво за Христа и евангелието, што е можно само со следење на единството на намерите и делата. Повикани сме и понатаму да се заземаме на патот на меѓусебно познавање, разбирање и соработка за да го посведочиме Исус и Неговото евангелие на љубовта – напиша папата Фрањо, а пред да го искаже благословот до сите учесници во синодот, тој истакна: Како Христови ученици можеме да понудиме заеднички одговори на страдањата од кои страдаат многу луѓе, особено најсиромашните и најслабите, со што се промовира на тој начин правда и мир.

Синодата на Методистичките и Валдензиските Цркви започна на 25 август во Торино. Пасторите и верниците лаици кои присуствуваат на синодата, вкупно 180, ќе обрнат внимание на голем број теми, вклучително и верска слобода и односи со државата, општествено и заедничко ангажирање, глобално служење, човекови права, сегашност и иднина на таканаречената меѓукултурална генерација и локални Цркви, екуменизам и меѓурелигиски дијалог. На Синодата претставник на Италијанската епископска конференцијата ќе биде епископот Амброџио Спреафико, претседател на Советот за екуменизам и меѓурелигиски дијалог. Со таа Синода ќе заврши мандатот на модераторот пастот Евгениј Бернардини и ќе се избере нов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот