Верници од Куманово на ходочестие во Софија по повод 800 години од смртта на свети Фрањо Асишки

Верници од Куманово на ходочестие во Софија по повод 800 години од смртта на свети Фрањо Асишки

По повод 800-годишнината од смртта на свети Фрањо Асишки, верници од парохијата во Куманово, со благослов на епископот Киро Стојанов, на 3 и 4 октомври 2026 година учествуваа на ходочестие во Софија.

Ходочестието започна со посета на манастирот на босоногите Кармелитјанки во Софија, каде што беше одржана покајничка служба. Потоа верниците се упатија во црквата посветена на свети Фрањо Асишки, каде што учествуваа на свечена света Литургија.

Во вечерните часови беше одржана и службата Транситус, со која во молитва се спомнува блаженото преминување на свети Фрањо од земниот живот во Домот на Отецот.

Ходочеститето се одржа во рамки на посебната Година на свети Фрањо, прогласена по повод 800-годишнината од неговата смрт. Во текот на оваа јубилејна година верниците, под вообичаените услови предвидени од Црквата, можат да добијат потполн опрост при ходочестие во фрањевски цркви и богослужбени места посветени или поврзани со свети Фрањо.

Во недела, 4 октомври, верниците од Куманово учествуваа на светата Литургија во црквата „Свети Иван XXIII“, а потоа посетија и дел од знаменитостите на Софија.

Зајакнати во верата и благодарни за заедничкото ходочестие и примените духовни дарови, верниците се вратија во Куманово, носејќи го со себе повикот на свети Фрањо за живот во мир, едноставност и верност кон Христос.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот