Ѓаконско ракополагање во Радово

На 08 јануари 2014 втор ден Божик (според јулијанскиот календар 26 декември 2013), празник на Светото Семејство (Собор на Пресвета Богородица) во парохиската црква Свети пророк Илија во Радово на Архиерејската света Литургија ѓаконско ракополагање прими досегашниот подѓакон Илија Стојанов, од рацете на Апостолскиот егзарх во Македонија Н.В.П. д-р Киро Стојанов. Овој радосен настан за новопоставениот ѓакон, за неговото семејство и Црквата, се случи на Литугијата на која владиката Киро ја прогласи 2014 за Година на Семејството во присуство на голем број верници од парохијата Радово и од околните парохии.

Во сослужение на владиката беа и свештениците: монс. Антун Циримотиќ – генерален викар, о. Тома Ангелов – декан и парох во Богданци и Стојаково, прот.стаф. Горѓи Трајков – катедрален парох, о. Спасо Ристов – парох во Нова Маала и Чанаклија, о. Гоце Костов – парох во Струмица, о. Димитар Ташев – парох во Гевгелија и Бистренци, о. Горѓи Појразов – парох во Петралинци и Сарај, о. Горѓи Динов – парох во Секирник, о. Тони Ангелов – парох во Штип, о. Ристо Самрџиски – капелан во Струмица, о. Георги Ангелов, како и домашните д-р Зоран И. Стојанов – парох и о. Трајче Ташев – капелан. Поради далечината неможеа да присуствуваат свештениците од Скопје, Куманово, Охрид и Битола/Прилеп, но ја изразија својата духовна соединетост преку молитвата.

На новопоставениот ѓакон му посакуваме Божји благослов и скоро свештеничко ракополаѓање – На многаја и благаја лета!

з.и.с.

фото: Кирил Стојанов

Категорија: Македонија

За авторот