Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив. (Матеј 18,20)

Оваа Исусово ветување: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“, беше предизвикот отец Зоран да ја покрене замислата да се посетат сите домови во парохијата Радово.

Идејата беше заеднички разгледана со останатите свештеници, сестрите Евхаристинки и дипломираните богослови во парохијата, која беше прифатена и започна да се реализацира во месец ноември 2014 година. Посетата опфаќаше: – Молење на света Бројаница во која десетките ги предводеа членовите на семејството; Читање на светото евангелие од денот, кратка медитација над текстот; Разговор и размена на мислења. Учество на семејството во заедничкото молење на света Бројаница во црквата пред неделната Литургија. Седмично понекогаш беа посетувани десет, а во некои седмици и по петнаесет семејства. Сите тие семејства во наредната недела доаѓаа (семејно) на неделната литургија и заеднички со останатите семејства ја предводеа Бројаницата во црквата. На денот кога семејствата требаше да бидат посетени (според тоа кое како се пријаени) молитвата за тоа семејство почнуваше веќе на утринската света Литургија, во парохиската црква свети пророк Илија. Во изминатите месеци ноември 2014 до март 2015 година беа посетени сите семејства во Радово, а на Крстопоклона недела 15 март свечено беше завршен овој прекрасен предизвик, молење во името на Исуса Христа, со семејствата и за семејствата во парохијата. к.мк/з.и.с.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот