Одбележена Мисиската недела во Петралинци

Одбележена Мисиската недела во Петралинци

На ден 20 октомври 2018 година во католичката парохија „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци по повод Мисиската недела се одржа молитвено бдение, со света Бројаница, духовно размислување одржано о . Горги Појразов, при што зборуваше за Вдовичината лепта (Лука 21,1-4) и заврши со молитва до свети Јосиф за мисионерите и мисионерките низ целиот свет.

Децата од парохијата направија круг во форма на глобус, кој ги претставува мисионерите низ целиот свет. А во средината на тој круг поставија крст од свеќи кој ја симболизира Христовата љубов кон мисионерите. Молитвеното бдение се состоеше од света Бројаница, духовен наговор од страна на о. Горге Појразов, молитвата кон свети Јосиф и молитвата за мисионерите и мисионерките низ целиот свет.

На крајот о. Појразов искажа голема благодарност на верниците за дадената поддршка, а на посебен начин им се заблагодари на децата за нивното ангажирање.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот