Католичкиот универзитет треба да ги поддржува иновативните способности на младите

Католичкиот универзитет треба да ги поддржува иновативните способности на младите

Во светот во кој младите се потешко наоѓаат работа и се потешко ја замислуваат сопствената иднина, потребно е универизтетите да знаат да им понудат средства за да бидат дел од историјата– напиша Папскиот државен секретар во писмото до миланскиот надбискуп Марио Делпини.

Во светот во кој младите сѐ потешко наоѓаат работа и сѐ потешко ја замислуваат сопствената иднина, потребно е универизтетите да знаат да им понудат средства за да бидат дел од историјата, чувајќи го големото наследство на знаења и мудрости наследени од минатото – напиша Папскиот државен секретар во писмото кое му го испрати на миланскиот надбискуп Марио Делпини, по повод 94 Национален ден на католичкиот универзитет „Пресвето Срце“ кој е прославен на 14 април 2018 година. Само појдувајќи од традициското наследство може навистина на иновативен начин да се изгради иднината на човештвото, вреднувајќи го напредокот на науката и техниката внатре во целосното гледање на човечкот битие создадено на слика и подобие Божјо – рече кардиналот.

Секогаш поврзани, но дезориентирани

Темата за денот беше „Наследници и иноватори. Младите – протагонисти на историјата,“ а таа – според зборовите на кардиналот Паролин – добро ја истакнува целта која универзитетскиот свет треба да ја има во однос на младите кои често се збунети и дезориентирани, и покрај тоа што секогаш виртуелно се поврзани. Имено, новите генерации се бомбардинарани со комуникацијата која никогаш не прекинува, и тоа најмногу со социјалните медиуми, но во секој случај чувствуваат големо незадоволство и осаменост. Истовремено додека се поврзуваат со сите и со сè – напиша кардиналот – изгледа како да им недостасува способноста да го најдат своето место во историјата со целосна свест и долгорочно и со доверба да гледаат на иднината.

Посланието на универзитетите

Заради тоа ангажирањето на католичкиот универзитет „Пресвето Срце“ е многу актуелно во целта за поддршка на ентузијазмот и иновативните способности на младите – објасни кардиналот и се осврна на четирите стожери на хуманистичкото и духовното наследство на христијанската мудрост, односно на барањето на вистината; на восхитот пред убавината; на желбата за градење на добро за сите луѓе: и на ангажирањето во унапредувањето на заедничкиот дом.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот