Папата до уметниците: Потребна ни е хармонија за да го оживееме нашиот свет

Папата до уметниците: Потребна ни е хармонија за да го оживееме нашиот свет

Папата Фрањо во аудиенција во Сикстинската капела прими 200 современи уметници, скулптори, архитекти, писатели, поети, музичари, режисери и актери од 30 земји. Средбата ја одбележа историската аудиенција на Павле VI. за уметниците во 1964 година; но непосреден повод беше 50-годишнината од создавањето на Одделот за современа уметност во Ватиканските музеи.

Пријателството на Црквата со уметноста

Црквата отсекогаш имала посебен однос со уметниците, рече Папата во своето обраќање во салата каде се наоѓаат фреските на Микеланџело. „Уметникот ги потсетува сите дека димензијата во која се движиме, дури и да не ја сфаќаме, е онаа на духот. Вашата уметност е како платно проткаено со дух што нè движи напред. Затоа, пријателството на Црквата со уметноста е природна работа. Но, тоа е и посебно пријателство, особено кога размислуваме за многуте пресвртници во историјата што ги поминавме заедно и кои припаѓаат на наследството на сите, подеднакво, верници и неверници“.

„Вие сте сојузници на Божјиот сон! Вие сте очи кои гледаат и сонуваат. Не е доволно само да гледаш, треба да сонуваш. Ние луѓето копнееме по нов свет кој не можеме целосно да го видиме со нашите очи, но копнееме по него, го бараме, сонуваме за него. Ако човек нема такви очи, тогаш нешто недостасува“, продолжи Папата.

Уметникот има детска душа

Уметникот е дете, „тоа значи дека тој најпрво се развива во просторот на имагинацијата, на новоста, на творењето, внесувањето во светот она што досега не е видено. Така тој ја побива идејата дека човекот е „смртно суштество“. „Во вашите дела секогаш се појавувате како незаменливи суштества, какви што сме сите ние, но со намера да создадете повеќе. Кога талентот ви помага, го истакнувате невиденото, го збогатувате светот со нова реалност.

Денес, колекцијата на модерна уметност во Ватиканските музеи има речиси 8.000 дела, кои можат да се видат долж маршутата од станот Боргија до Систинската капела. Меѓу изложените дела има слики од Бејкон, Матис, Шагал и Ван Гог.

Уметноста треба да предизвикува размислување

Папата Фрањо, исто така, ја нагласи димензијата на сонот во кој се нурнати уметниците, „имате способност да го гледате светот на поинаков начин, да воведете нешто ново во историјата“, рече тој на аудиенцијата за луѓе, чија визија ја избегнува „сугестивната моќ на вештачката и површна убавина, многу распространета денес и често соучесничка во економските механизми кои генерираат нееднаквости“.

Уметноста треба да предизвика размислување, продолжи Папата. „Како библиските пророци, нè соочувате со она што понекогаш нè вознемирува, критикувајќи ги денешните лажни митови, новите идоли, флоскулите, стапиците на потрошувачката, триковите на власта.

Творци, чувари и критична совест

Папата ги повика уметниците да ја препознаат вистинската религиозност „премногу често претставена на банален или понижувачки начин“:

„Како визионери, мажи и жени со проникливост и критичка совест, ве сметам за сојузници во многу работи што ми се драги, како што се заштитата на човечкиот живот, социјалната правда, грижата за сиромашните, грижата за нашиот заеднички дом, универзалното човечко братство“.

Уметноста се доближува до верата, бидејќи и двете се загрижени, истакна папата Фрањо. „Ниту уметноста ниту верата не можат да ги остават работите едноставно такви какви што се“, рече Папата, забележувајќи, дека можат да „ги менуваат, трансформираат и преобраќат.

Уметноста никогаш не може да послужи како анестетик; носи мир, но далеку од тоа да ја умртвува совеста, да ја држи будна… Честопати како уметници се обидувате да допрете до длабочините на човечката состојба, нејзините темни бездни“.

Папата ги повика присутните уметници да бидат светлина во темнината: Ние не сме едноставно светлина и не потсетувате на тоа; но треба да ја осветлиме светлината на надежта во темнината на човештвото, индивидуализмот и рамнодушноста“.

Убавина и хармонија

Светиот Отец го цитираше францускиот филозоф и хуманист Симон Вајл: „Убавината го заведува телото за да добие дозвола да премине во душата“, за да ја илустрира способноста на уметноста да ги допира сетилата за да го оживее духот, „Убавината нè прави да чувствуваме дека животот е ориентиран кон совршенство. Тогаш во вистинска убавина почнуваме да ја чувствуваме желбата за Бога“.

Потребен ни е принципот на хармонија за да го оживееме повеќе нашиот свет“, рече на крајот Папата. Вие, творците, можете да ни помогнете да создадеме простор за духот. Кога ќе ја видиме работата на Духот, а тоа е да создава хармонија меѓу разликите, да не ги уништува, да не ги обединува, туку да ги усогласува, тогаш разбираме што е убавина. Убавината е дело на Духот што создава хармонија“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот