Прославен патрониот празник на црквата во Петралинци

Со свечена света Литургија на 24 мај беше прославен патрониот празник на црквата во Петралинци Свети Кирил и Методиј. Литургијата беше предводена од парохот о. Ѓорѓи Појразов во заедништво со свештеници од Апостолскиот Егзархат. Покрај верниците од парохијата на Литургијата присуствуваа и сестри Евахристинки, како и верници од други парохии. Пригодна проповед одржа о. Трајче Ташев капелан во парохијата Свети Пророк Илија во Радово. Во неа тој се осврна за заедништвото на христијанската заедница и за животот и делото и примерот на двајцата просветители – светите Кирил и Методиј. Прославата заврши со заедничко агапе во парохиската сала.

к.мк

Категорија: Македонија

За авторот