Во Скопје одбележан денот на болни и стари лица

Во Скопје одбележан денот на болни и стари лица

По повод Светскиот ден на болните и старите лица, со благослов на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов на 10 февруари 2021 година волонтери од парохијата „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје предводени од дон Давид, с. Наталија и с. Роберта беше подготвен топол оброк за болните и стари лица кој волонтерите, посетувајќи ги со мерките за заштита, ги однесоа во нивните домови. Со овој мал гест во овие тешки моменти предизвикани од пандемијата на старите и болни лица им се искажа почит, внимание и љубов.

Оваа година поради пандемијата изостана традиционалната средба и дружење во црквата и парохиската сала, на кое редовно присуствуваше и бискупот Стојанов, кој ја предводеше светата Литургија, на која упатуваше и зборови на охрабрување.

Организаторите на оваа акција упатуваат благодарност до Министерството за надворешни работи на Словенија и епархискиот Каритас на Болцано за поддршката при реализацијата на овој хуман гест

Наталија Стојанова /к.мк

Во Скопје одбележан Светскиот ден на болни

Порака за денот на болните: Здравјето е примарно општо добро

Категорија: Вести, Македонија

За авторот