Задушница

Задушница

Единствено што на човекот мора да му се случи, а што човекот веќе со милениуми сака да го избегне е смртта. Колку и да се труди човекот да ја избегне, таа сепак ќе дојде по своето.

Отсекогаш човекот се обидувал да пронајде нешто што ќе му овозможи вечна младост, да го одложи времето на смртта, барем на подолго време, а по можност и засекогаш, но залудно.

Денес ситуацијата е сѐ поапсурдна. Благодарение на развојот на медицината и на науката воопшто, човечкиот животен век е подолг од порано, младиот изглед можно е да се задржи речиси до длабоката старост, но залудно смртта е неизбежна. Згора на тоа, смртта денес се заканува од сите страни: апокалиптичните слики од денешните војни и терористичките напади, неконтролирањето на производство на оружје за масовно уништување, како и природните катастрофи и новите болести кои може да станат смртоносна пандемија, воопшто не даваат оптимизам. Материјата има свој крај.

Смртта е реалност: сеедно е дали се однесува на стари или млади, богати или сиромашни, црни или бели!

Погребот или посетата на гробиштата, влегувањето во градот на мртвите, во градот во кој сите ние кога – тогаш ќе дојдеме нѐ принудува да размислуваме за смртта, додека таа не принудува пак да размислуваме за животот. Гробовите може да бидат место на очај, место за мразење каде што сѐ престанува, каде што секој животен влог ја губи смислата. За нас христијаните гробиштата е место на надежта, место на очекувањето за воскресението на телото. Гробиштата е место за молитва, место каде што човекот доаѓа со голема почит. Гробиштата е мост кој ги спојува овоземното и вонземското, во кое овоземното завршува, а вонземското почнува.

Смртта која секогаш била сметана како проклетство кое е неизбежно, смртта која го водела човекот во подземјето и каде што го држала закован, благодарение на нашиот Спасител станала само премин од минливиот и тежок живот во вечен и блажен живот. Вечниот Бог од љубов кон грешниот и смртен човек станува човек. Ги прифаќа сите човекови беди и гревови на целото човештво, дури и смртта и подземјето. Со својата смрт и слегувањето во подземјето, во царството на мртвите Христос се поистоветува со човекот во неговата најболна точка и нерешлив проблем: проклетството на подземјето. Христос со своето воскресение го ослободува човекот од веригите на подземјето и го води во вечниот живот, во животот на вечната среќа и блаженство во Бога.

Овие денови препорачувајќи ги нашите покојни на Божјата милост, го молиме Бога што порано да ги приклучи во хорот на своите светии во небото, го молиме и за нас, за да нашиот живот биде живот со надеж, живот насочен кон Бога кој го сака човекот и му дава вечен живот. Оваа размислување може да се заврши со молитвата на свети Фрањо Асишки.

Фален биди, мој Господи, преку нашата телесна Смрт,

преку која ниеден смртник нема да побегне.

Тешко на оние кои ќе умраат во смртен грев.

А блажение се оние кои ги наоѓаш според пресветата своја волја,

бидејќи другата смрт нема да им наштети.

Фалете и благословувајте го мојот Господ,

заблагадорете му се Нему, служете му Нему во голема понизност.

 Видиковац/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот