Простувањето е ослободување од ропството на злото

Простувањето е ослободување од ропството на злото

Поранешен затвореник во нацистичко концентрационен логор бил во посета на пријател кој со него ја делел истата судбина. „Дали им прости на нацистите?“ го праша пријателот. „Да.“ „Гледаш, јас не сум. Јас сѐ уште многу ги мразам.“ „Во тој случај“, му одговорил пријателот, „ти си сѐ уште нивни затвореник.“

Во говорот за простувањето односно непростувањето, оваа приказна ја отсликува внатрешноста на два типа луѓе. Едниот на непријателите не им простил, а другиот им простил. Првиот кој не простил нема спознание ниту за себе ниту за својот непријател, ниту за злото кое делува од позадината. Другиот кој простил има јасно спознание што се случува во него, но и во оној кој што не простил. На оној кој простил му станало јасно дека оној кој што не простил уште се наоѓа во затвор. Увидува дека непростувањето е состојба на заробеност. Затоа сака да му помогне на својот пријател. Не е опишано, но при продирањето во душата на едниот и другиот сакаме да дознаеме како тоа можело да се случи.

Кога човекот е повреден, во него најнапред се појавува болката. Нанесена му е насилство, неправда и поради тоа трпи. Освен болката се јавуваат и негативни чувства како лутина, омраза, желба за освета. Внатрешноста станува како вулкан. Се раѓа вистинска побуна и отпор на насилството… Размислувајќи за тоа што на човекот му создава најмногу проблеми за да прости и кои се најголемите аргументи за непростувањето, доаѓаме до сознание дека не се работи за толку голема болка и негативни чувства колку што за слепилото. Слепилото е човековиот најголем проблем! Слепилото за болката која е во неговата душа и слепилото за негативните чувства кои ја трујат неговата внатрешност. И уште нешто – слепилото за власт на тие негативни сили во него. Тој човек од надвор е слободен, но одвнатре е заробен. И со тоа – што е најлошо – не е свесен дека е заробеник. Во него се случува измама за која што не е свесен. Роб е, а неговата „совест“ го уверува во спротивното. Постојано му сервира аргументи против сторителот, со што повеќе го води во сѐ подлабока темнина и кал. Човекот кој неможе да прости е вистински слепец, кој не сфаќа дека реалноста не е таква каква што му се претставува. Не гледа дека се препуштил да биде заробеник и се заплеткал во мрежата на злото која е во неговите мисли. (…)

Личноста која не простува е инструмент во „рацете“ на негативните сили кои делуваат во неа. Не е свој сопственик. Со него управуваат други. Болката, омразата, а преку сето тоа уште и она најподмолното – злото. Многу активно, а скриеното зло, преку болката и негативните чувства се вовлекува во човековата внатрешност. Личноста несвесно станува послушник кој е „употребен“ и „победен“. Не сакајќи, станува потенцијален сојузник на злото на кое ги исполнува неговите желби и наредби. (…)

Споменатата приказна ни открива и друга страна. Пред нас се става човекот кој што простил и кој од сопствено искуство зборува за тоа што значи да се прости. Дури кога ќе излеземе на врвот на ридот, ни се отвора погледот кон котлината што сме ја напуштиле. И човекот кој што простил ни открива дека за силата и целото скриено делување на злото не можеме да бидеме свесни на него сѐ додека не простиме. Тешко ни е да замислиме што се случувало во човекот во тие моменти на поднесеното насилство, навреда, неправда, преку физичкото ослободување од затворот па сѐ до потполното простување. Но, да се обидеме да влеземе во неговата внатрешност. (…)

Набљудувајќи ја самата етимологија на зборот простување, сфаќаме дека простувањето е „чин кој жртвата ја ослободува од присилувањето целиот свој живот да го набљудува низ призма како поднесувач на злото“ (Анте Вучковиќ). Другиот човек од горенаведената приказна е ослободен. Тој го прекинал владеењето на злото кое, веројатно, и него го зафатило или барем се обидело да го зафати. Со простувањето го прекинал диригирањето кое што злото во него го врши. Ги запрел сопствените негативни чувства на себе. Не е повеќе автоматска машина, ниту марионета со која управува злото. Простувањето сигурно не дошло одеднаш, туку тоа било процес. Можеби и повеќегодишен. Процес на будење од „сонот“ во кој што бил додека не успеал да прости. Тоа било процес на отворање на очите во кој забележал дека раните од минатото се во него и дека крвари. Воочил дека погледот и мислите му се насочени кон непријателите. Забележал дека се идентификувал со негативните чувства и мисли и дека станал нивен заробеник. Бил „ставен во кола“ и упатен кон провалија. Имал формиран начин на размислување и гледање, а бил уверен дека гледа правилно. Со оглед на тоа што се ослободил, можел да гледа дека неговиот пријател е заробен. Затоа му рекол дека не е слободен, туку дека „сѐ уште е заробеник“ на оние кој што го мачеле. И затоа одлучил да му помогне.

Човекот кој што простил ни праќа уште една важна порака: Борбата околу ослободувањето на внатрешноста не завршува со сознанието на злото и запирањето на власта на злото во себе. Кога се ослободил од злото, е ставен пред одлука: Својата слобода мора некому да ја дарува. Затоа што внатрешноста може да остане празна. Во неа некој или нешто мора да владее. Тоа искуство го имал израелскиот народ кога се ослободил од раката на една власт – од власта на египетскиот владетел, фараонот. Но, токму по ослободувањето од еден владетел, процесот на ослободување не бил завршен. На ред бил друг владетел. Требало да се ослободат од внатрешноста. А тоа било многу потешко од онаа надворешното ослободување. Ставен е пред одлука. Морал да се определи кому ќе ја дарува својата слобода: на Бога или на златното теле. Човекот кој што простил очигледно е дека својата внатрешност и заробена слобода ја дарувал на Бога, на мирот и помирувањето. Затоа можел да дојде во посета на пријателот, и стоејќи пред него, да му ја каже вистината и да го поведе на патот кон ослободувањето.

Гласник Мира/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот