Како се оправдуваме за да не одиме на Литургија (5 дел)

Како се оправдуваме за да не одиме на Литургија (5 дел)

Често е многу лесно да се најде изговор за да се пропушти светата Литургија, иако светата Литургија е најголемиот дар кој Господ ни го оставил. Во овој текст прочитајте некои од најчестите изговори, но и одговорите на секој од нив.

Само стари луѓе одат на света Литургија

Кога ќе дојдеш на света Литургија и ќе погледнеш околу себе веројатно ќе видиш многу пријатели на твоите баба и дедо. Сепак е чист стереотип дека малите и старите баби ги полнат црковните клупи. Веројатно нема да најдеш млади луѓе на света Литургија во осум часот наутро, но младите луѓе се навистина активни во својата вера. Истражувај малку и ќе пронајдеш сигурно многу служби и организации кои основачи се млади луѓе поттикнати од жарот на својата вера. Кога се чувствуваш малодушно и осамено побарај на Гугл со клучни зборови Светски ден на млади. Ќе бидеш позитивно изненаден кога ќе видиш голем број на млади католици кои биле на ходочастие секоја година за да учествуваат на тој настан.

Ако живееш на подрачје каде поголем дел од парохјаните се стари луѓе прифати го советот на папата Фрањо кој за нив вели дека треба да се „биде внимателен спрема разговорите на мудрите, почитувај ги нивните мисли,“ вели Библијата (Сирахова 8,9). Црквата секогаш ги прифаќа старите со благодарност и љубов за да се чувствуваат вистински дел од заедницата. Има многу нешта што може да се научи од старите. Ние ги цениме и почитуваме така што заедно со нив молиме на светата Литургија како со своите браќа и сестри.

Седни. Клекни. Поим немам што правам

Човекот никогаш не се чувствува убаво кога ќе погледне околу себе и забележи дека е единствениот кој сѐ уште стои! Збунувачко е секогаш да се биде чекор зад другите. Овие движења за време на светата Литургија не се само случајни акти затоа што секое движење е целисходен како став за молитва. Не се молиме само со своите мисли, туку со целото свое духовно битие. Кога ги правиме тие движења, тоа е литургиски и физички знак кој симболично ги изразува нашите молитви. Кога стоиме покажуваме почит и го обожаваме Божјото Слово. Кога клечиме ние го искажуваме своето најдлабоко почитување кон Христос. Тоа е исто така знак на нашата послушност кон Него и нашата понизност. Се поклонуваме за време на Никејското верување за да искажеме чест на најважниот настан во нашата историја – кога Бог станува човек. Сите тие движење го изразуваат она во што ние веруваме.

Единствениот начин за да се привикнеш на сето тоа и притоа да ти е пријатно е да одиш на света Литургија. Римскиот мисал може да биде од корист за подобро да се запознаеш со деловите на светата Литургија. Немој да дозволиш овој мал детал да те спречи од прекрасното искуство на Божјата величина и моќ.

„Нека секое колено се приклони пред Тебе, о величество на Богот мој до крај понижено во Светата Хостија. Нека секое срце Те љуби, секој дух обожава и сѐ ќе Ти биде подложно.“ Света Маргарета Марија Алакок

Бактерии. Ракување. Не поднесувам физички допир со сите тие луѓе

Светата Литургија е собир на верници во кој луѓето се сретнуваат во потполно заедништво да создадат едно тело. Сѐ се меша. Телото, душата и духот. Сѐ се обединува во Христос, Кој е главата на телото. Кога физички се поврзуваме со другите го препознаваме Христовото лице во нив. Заедно сме за да создадеме едно тело Христово, а правејќи го тоа, ние го живееме Неговиот живот пренесувајќи ја Неговата мисија.

Теологијата не може да ти помогне ако имаш бактериофобија. Ако и понатаму не сакаш да се ракуваш со своите браќа и сестри во Христос, понеси антибактериско марамче кое можеш да го употребиш по знакот на мирот во светата Литургија. Нека ова ти биде како мала жртва за да бидеш со Господ и да Го примиш за време на светата Причест.

„Го гледам Исуса во секое човечко создание. Си говорам на себе овој е гладниот Исус. Морам да Го нахранам. Овој е болниот Исус. Овој има лепра и гангрена: морам да Го очистам и да го негувам. Служам затоа што го сакам Исуса.“ – Мајка Тереза

Becky Roach/CatholicLink/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот