Без молитва, сме осудени на живот кој го сочинуваат трикови и лаги

Без молитва, сме осудени на живот кој го сочинуваат трикови и лаги

Молитвата за нас е посебно важна, ако го занемариме нашиот однос со Бог, духовниот живот малку помалку ќе ни згаснува.

„Еднаш Исус на некое место се молел.“ Многу места од Евангелието зборуваат за тоа како Исус се оддалечувал од мноштвото народ и се повлекувал во самотија за да моли. Исусовата потреба за молитва е нагласена во најважните моменти од неговото јавно делување: пред Крштевањето, пред изборот на апостолите, пред првото умножување на лебовите, пред преобразувањето … Да се моли за Исус е природно: понекогаш целата ноќ ја поминувал во разговор со Отецот. Гледајќи го Исуса како се моли, срцата на апостолите се полнеле со љубов.

Молитвата за нас е посебно важна, затоа што ако го занемариме нашиот однос со Бог, духовниот живот малку помалку ќе ни згаснува. Ако ја напуштиме молитвата, во прво време ќе живееме од духовните резерви… а потоа од триковите. Од друга страна, молитвата нѐ соединува со Бога, кој ни вели: „Без мене не можете ништо да направите.“ Секогаш треба упорно да се молиме, никогаш да не препуштаме. Со Бог е неопходно да се разговара често, искрено, во сите животни прилики.

Молитвата е силна светилка која ги осветлува нашите проблеми; светилка која ни овозможува подобро да ги запознаеме луѓето и така да им помогнеме на патот кон Исус; светилка која помага нашите потешкотии да ги водиме во вистинкото светло. Молитвата во душата создава ведрина и мир кои се пренесуваат на другите. Дава радост како предвкус на небесната среќа.

Никој на овој свет не го третира подобро Исус од неговата Мајка, Блажена Девица Марија, која многу часови поминала гледајќи го, разговарајќи со Него, приоѓајќи му сосема едноставно и со почит. Ако се обратиме на нашата небесна Мајка, бргу ќе научиме доверливо да разговараме со Христос и одблиску да го следиме, соединети со неговиот крст.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност
Ознаки молитва

За авторот