На денешен ден пред 89 години, Исус прв пат ѝ се објавува на света Фаустина

На денешен ден пред 89 години, Исус прв пат ѝ се објавува на света Фаустина

Иконата на Милосрдниот Исус поттекнува од објавата која с. Фаустина ја имала во Плоцк на 22 февруари 1931 година. Во таа објава Христос ја изразува својата желба да се наслика Негова слика и под неа да бидат напишани зборовите: Исус Ти се доверувам.

22 февруари е денот кога со благодарност се сеќаваме на првата Исусова објава на света Фаустина со налог да наслика слика „според она што го гледа“. Тоа се случило во манастирот во Плоцк во 1931 година. Света Фаустина пишува за тоа во својот дневник:

„Невечер кога бев во келијата го здогледав Исуса, Господ во бела облека. Едната рака подигната за благослов, со другата ја допираше облеката на градите. Од отворениот дел на облеката на градите излегуваа два големи зрака: црвен и бел. Молчејќи го набљудував Господ. Мојата душа беше исполнета со страв но и со голема радост. По некое време Исус ми рече: „Насликај слика според она што го гледаш, со натпис: Исус Ти се доверувам. Јас сакам таа икона да се почитува, најпрво во вашата капела, а потоа во целиот свет. Јас ветувам дека она душа која ја почитува ова слика нема да биде загубена. Ветувам исто така, уште овде на земјата победа над непријателите, посебно во моментот на смртта. Сам ќе ги бранам како своја чест.“ (Дневник 47-48)

После ова прва објава, Исус продолжувал на света Фаустина да ѝ го објавува Неговото неизмерно милосрдие, и начините на неговото почитување. Од тој ден па сè до денес пораката на Божјото милосрдие продолжува да се шири по целиот свет.

За иконата на Милосрдниот Исус

Сликата Милосрдниот Исус го претставува Воскреснатиот Христос на чии раце и стапала се видливи знаците од заковување на крстот. Од Неговото прободено срце кое не се гледа излегуваат два зрака: црвен и бел.

Кога сестра Фаустина го прашала Исуса за значењето на тие зраци, Он ѝ објаснил дека белиот зрак ја означува водата која ги оправдува душите, а црвениот зрак значи крвта која дава живот на душите… Двата зрака извираале некогаш од длабочината на Моето милосрдие, кога копјето го отвори мое срце кое умираше на крстот.“ (Дневник 299)

Исус исто така бара од сестра Фаустина дека на иконата треба да стои потпис „Исусе Ти се доверувам.“

„Исус ме потсети како што ми кажа првиот пат дека зборовите „Исусе ти се доверувам“ мора да бидат видливи“ (Дневник 327).

Понатаму, Тој ветува со своето милосрдие да ги заштити од Божјиот гнев и правдата сите кои ќе ја почитуваат сликата.

„Јас ветувам дека она душа која ја почитува ова икона, нема да биде загубена. Ветувам исто така уште овде на земјата победа на непријателите, посебно во моментот на смртта. Самиот ќе ги бранам како своја чест.“ (Дневник 48)

Исто така рекол на сестра Фаустина дека преку иконата ќе им дели на душите многу благодати.

„Кажи му на исповедникот, дека иконата треба да биде изложена во црквата, а не во клаузурниот манастир. Преку иконата ќе делам на душите многу благодати, затоа секоја душа треба да има пристап“ (Дневник 570).

Исус нè повикува да го запознаеме Неговото неисцрпливо милосрдие, и да ги користиме заслугите на Неговата мака, односно крвта и водата кои ги пролеал за нас на крстот, а која оваа икона ги прикажува.

„Нека целото човештво го запознае Моето неисцрпливо милсордие. Тоа е знак на крајот на времето. Потоа доаѓа Денот на праведноста. Додека сè уште има време нека се доверуваат на изворот на Моето милсордие. Нека ги користат крвта и водата што за нив течеа.“ (Дневник 848)

Категорија: Вера, Духовност

За авторот