Љубовта и злото започнуваат дома

Љубовта и злото започнуваат дома

Денес сме сведоци на колапсот на многу семејства – имаме  многу  уништени домови. Зошто? Бидејќи бабите и дедовците мора да одат во дом за стари лица. Таткото е зафатен,мајката е зафатена, детето се враќа дома и нема кој да го сака, со кој да се шегува, со кој да зборува, со кој да се насмее и така натаму, и детето мора да се сврти кон улицата.

Исто како што љубовта започнува дома, и злото започнува дома, гревот започнува дома.

Светот е во голем неред

Ти и јас, исто така, можеме да пружиме радост, љубов и мир во семејството. Денес светот е во голем неред, толку многу омраза, толку многу убиства, толку многу несреќа, бидејќи љубовта, мирот и радоста во семејството се уништени. Семејствата повеќе не се молат. И затоа што не се молат, не можат да останат заедно. И ако тие не останат заедно, не можат да се сакаат едни со други. И ако мајката може да го убие сопственото дете, тогаш што им останува на други луѓе [освен] да се убиваат едни со други.

Љубовта започнува дома

Свети Иван Богослов рече: „Како можете да кажете дека го сакате Бога кого не го гледате, кога не го сакате својот брат, што го гледате.” Тој користи многу силен збор, тој вели, „Ти си лажливец ако велиш дека го сакаш Бог, но не го сакаш својот ближен. „Мислам дека ова е нешто што сите треба да го разбереме: љубовта започнува дома. Денес има сѐ повеќе и повеќе докази дека сите страдања во светот започнале од дома. Денес немаме време дури и да се погледнеме едни со други, да разговараме едни со други, да уживаме едни со други, а уште помалку да бидеме она што нашите деца очекуваат од нас, она што еден маж очекува од неговата жена, она што една жена очекува од нејзиниот маж. И така сме сè повеќе и повеќе надвор од нашите домови и сите сме помалку во контакт едни со други.

Љубов во семејството

Никогаш не ја заборавам мајка ми. Таа беше многу зафатена, по цел ден, но штом ќе се спуштеше вечерта, имаше обичај да се спрема за средба со татко ми. Тогаш ние не разбиравме, знаевме да се потсмеваме, се смеевме и ја задевавме, но сега се сеќавам каква неизмерно нежна љубов имаше за него. Без оглед на тоа што се случило, таа секогаш беше подготвена да го поздрави со насмевка. Денес немаме време. Таткото и мајката се многу зафатени, децата доаѓаат дома. Нема кој да ги сака, да им се насмее.

Толку зафатени

Во денешниот свет, луѓето во брак имаат големи проблеми, бидејќи нема продлабочување на меѓусебната интимна љубов – зафатени се со толку многу нешта.

Денес сме сведоци на колапсот на многу семејства – имаме уште многу други домови уништени. Зошто? Бидејќи бабите и дедовците мораат да одат во старачки домови. Таткото е зафатен, мајката е зафатена, детето се враќа дома и нема никој кој да го сака, со кој да се шегува, со кој да зборува, со кој да се насмее и така натаму, и детето мора да се сврти кон улицата. Не знам дали сте виделе, но јас видов многу, многу млади мажи и девојки на улиците на Лондон, Рим и САД.  Нашите сестри се насекаде и се среќаваме со таа ужасна сиромаштија и тоа е нешто што вие и јас мораме да го сфатиме – дека љубовта започнува дома, љубовта започнува во нашата заедница. Тука (во домот) многу често се гледаме. И лесно можеме да се занемариме, доколку немаме време едни за други.

Љубовта и мирот започнуваат со детето

Бев изненадена кога видов колку многу млади момчиња и девојчиња  се подаваат на дрогата, на Запад, и се обидов да дознаам зошто. Зошто е така кога тие на Запад имаат многу повеќе работи од младите на исток? Одговорот беше: бидејќи нема никој во семејството да ги дочека. Нашите деца зависат од нас во сè – да им дадеме сигурност, да ги запознаеме со Бог, да ги научиме да го љубат Бог. За сè ова тие во нас гледаат со доверба, надеж и очекување, но честопати таткото и мајката се презафатени. Тие немаат време за своите деца. Или можеби тие не се во брак или се откажале од бракот, па децата одат на улица и се вплеткуваат со дрога или нешто друго. Станува збор за љубов кон детето и тоа е она каде што мора да започне љубовта и мирот.

Молете се заедно

Еден ден зедов една жена од депонијата. Таа гореше од температура. Бев сигурна дека е при крај, но таа постојано повторуваше: „Повредена сум, синот тоа ми го направи”. Ја кренав, и ја однесов во нашата куќа. Потребно ми беше многу време да се молам со неа, молам и молам, да му прости на синот. Ми требаше многу време. Ако беше гладна за леб, можев да ѝ дадам леб – и ќе беше готово. Но, ми требаше многу време да и помогнам да каже: „Му простувам на син ми”. Фала му на Бога, токму пред да почине, ми рече: „Му простувам на син ми”. Погледнете го ова страшно страдање. Не можеме ни да замислиме, но со вакви работи постојано се среќавам, дури и во богатите земји – таа осаменост е ужасна. Мислам дека затоа се собравме тука денес, да молиме за болните, можеби имаме такви луѓе во нашето семејство. Љубовта започнува дома. Љубовта започнува во нашата заедница. Како започнува? Со заедничка молитва. Затоа што семејство, заедница, кое моли, останува заедно. Доколку останеме заедно, природно, ќе се љубиме едни со други, како што Бог нѐ љуби нас. А тие дела на љубов се дела на мир. Таквото семејство, нормално, живее во мир.

Мајка Тереза – Каде е љубовта, таму е Бог

Битно нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот