На 11 и 12 Септември 2019 година во Минхен се одржа 23. Конгрес на Реновабис, акција за солидарност на германските католици со луѓето во Средна и Источна Европа, на тема: „Црквата во големите градови. Предизвик за пасторалот на Исток и Запад“.
Конгресот го отвори о. д-р Христијан Хартл, Генерален директор на Реновабис, а свои осврт на темата дадоа и помошниот бискуп на надбискупијата Минхен, Руперт Граф од Столберг, кардинал Блајз Чупич и надбискупот на Бамберг, Лудвиг Шик.
На Конгресот присуствуваа претставници од црквата, академскиот и општествениот живот од Средна, Источна и Југоисточна Европа, меѓу кои и о. д-р Зоран И. Стојанов и о. Гоце Костов од Македонија.
Ватикан њуз/к.мк