„Светата Земја не е бојно поле, туку земја на братство и мир“

„Светата Земја не е бојно поле, туку земја на братство и мир“

Кустосот на Кустодијата на Светата Земја, фра Франческо Патон, на празникот Крштение Господово, во недела, 7 јануари 2024 година, го предводеше литургиското славење на бреговите на реката Јордан, во Ал Магтас, во близина на светилиштето Свети Иван Крстител. По 57 години беше отворен некогашниот миниран премин кој води до брегот на реката.

„Неколку метри од местото каде што беше крстен Исус и блиску до местото каде што беше искушуван, утрово сме во молитва да ја потврдиме нашата вера и да бараме сила во искушенијата, особено за оние кои се во оваа земја: неправдата, насилството и војна“, истакна кустосот на Светата Земја Франческо Патон на празникот на Крштение Господово во Ал Магтас, на брегот на реката Јордан. И покрај ограничувањето на движењето поради актуелните воени конфликти, на светата Литургија се собраа неколку стотици верници.

Во својата проповед, отец Патон потсети како трите сведоштва на крштевањето: водата, крвта и Духот, исто така нè потсетуваат на искуството на крстот во Исусовиот човечки живот, но крстот е тој што го отвора вечниот живот. За време на светата Литургија се крсти и Николас Џовани, дете на едно христијанско семејство од Ерусалим.

На крајот од прославата, со голема радост беше отворена вратата која овозможува директен премин од фрањевското светилиште посветено на свети Иван Крстител до малата едикула на брегот на Јордан, низ премин кој, бидејќи бил миниран, беше затворен уште од Шестодневната војна во 1967 година.

к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот