По молитвата Ангел Господов: Христијанската вера на Блискиот Исток и покрај страдањата е жива

По молитвата Ангел Господов: Христијанската вера на Блискиот Исток и покрај страдањата е жива

По богородичната молитва Ангел Господов во недела 27 јуни 2021 година, папата Фрањо поттикна на молитва за Блискиот Исток. Покрај тоа, тој ги замоли верниците на посебен начин да се молат за него и ја изрази својата близина со населението во Чешка, погодено од силниот ураган.

По повод денешниот ден за мир на Истокот, папата Фрањо поттикна на молитва кон Божјото милосрдие за мир на подрачјето на Блискиот Исток. Господ нека ги поддржи напорите на оние кои се посветени на дијалог и братски соживот на Блискиот Исток, каде што е родена и жива христијанската вера, и покрај страдањата. Бог секогаш да им дава сила, истрајност и храброст на овие драги народи.

Во писмото упатено за денешниот ден посветен на мирот на Истокот, прогласено по повод 130-годишнината од енцикликата ‘Rerum Novarum’ , Папата посебно ја поттикна Црквата на Блискиот Исток да дозволи да биде поттикната од Светото семејство. Не обидувајте да ја задоволите жедта на извори затруени со омраза, туку браздите на полето на вашето срце нека се натопат со роса на Духот – напиша папата Фрањо.

Папата потоа побара уште една посебна молитва. Денес, по повод претстојниот празник на светите Петар и Павле, ве молам молете се за Папата. Молете се на посебен начин, на Папата му требаат вашите молитви. Ви благодарам. Знам дека ќе го направите тоа.

Светиот Отец исто такам ја изрази и својата близина со населението во Чешка. Ја гарантирам мојата блискост со луѓето од југоистокот на Чешка, погодени од силниот ураган. Се молам за починатите и ранетите, како и за сите оние кои мораа да го напуштат својот тешко оштетен дом – рече папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот