Свети Никола Чудотворец

Свети Никола е роден во градот Патара, Ликија во Мала Азија околу 270 година, како син единец на неговите родители Теофан и Нина. Во неговиот духовен живот голем пример му бил  неговиот чичко кој бил епископ во градот Мир. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој имот кој го наследил од нив, а парите ги поделил на сиромасите. Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња. По некое време е избран за епископ на градот Мир, денешна Турција.

Суровоста на прогонството врз христијаните за време на царот Диоклецијан и Максимијан го почувствувалл лично. Учесник е на Првиот вселенски собор во Никеја 325 година каде се застапувал за дефинирање на Светото Тројство. Од голема ревност го удрил александрискиот свештеник Ариј. По ова, тој бил оптужен за кривоверие, бил прогонет од самиот собор и му било забрането понатамошно присуство. Според христијанската традиција на Свети Никола му било одобрено повторно присуство на црковните собири, поради јавувањето на Богна избраните архиереи велејќи им дека сториле голема неправда.

Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните. Овоземскиот живот го завршил на 6 декември 343 година година.

Свети Никола е заштитник на морнарите, рибарите и децата.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија, Сведоштва

За авторот